Опции на менито (GPB 18V‑2 C)
Изборот на менито делумно зависи од режимот на работа
на аудио, во кој е поставено радиото.
<EQ>
Мени звук: нивото на висина на звук <TR> и длабочина
на звукот <BA> можете да ги поставите во опсег од −5
до +5. Поставките на звукот одделно се зачувуваат за
секој аудио извор.
<TIME>
Мени време: можете да избирате помеѓу временските
формати 12 часа <12HR> и 24 часа <24HR> и да го
поставите времето рачно.
<MONO> (кај аудио извор FM/FM2)
Мени моно прием: моно приемот можете да го
вклучите <ON> или исклучите <OFF>. Моно приемот се
препорачува ако радиото често менува помеѓу стерео и
моно прием при станица со слаб сигнал.
<TWS> (кај аудио извор Bluetooth®)
Мени True Wireless Stereo: можете да го поставите
радиото како десен звучник <TWSR>, како лев
звучник <TWSL> или да ја исклучите функцијата <OFF>.
Опции на менито (GPB 18V‑2 SC)
Изборот на менито делумно зависи од режимот на работа
на аудио, во кој е поставено радиото.
Во рамките на менијата, името на менито се прикажува
во горната линија на мултифункционалниот приказ (k),а
поставката што можете да ја изберете во долниот дел.
<Set EQ>
Мени звук: нивото на висина на звук <Treble> и
длабочина на звукот <Bass> можете да ги поставите во
опсег од −5 до +5. Поставките на звукот одделно се
зачувуваат за секој аудио извор.
<Set Time>
Мени време:
– Можете да избирате помеѓу временските формати
24 часа <24 Hour Mode> и 12 часа <12 Hour Mode>.
– Времето можете рачно да го поставите со <Set Hour>
одн. <Set Minute>.
– Напомена: доколку кај аудио извори DAB/DAB2 се
избере радио станица која го пренесува времето,
тогаш автоматски се презема тоа време. Рачните
поставки за времето ќе бидат презапишани.
<Reset All>
Мени ресетирање: можете да ги ресетирате сите
поставки на менито на фабрички поставки <Yes> или да
вратите на актуелните поставки <No>.
<Auto Scan> (кај аудио извор DAB/DAB2)
Мени автоматско пребарување на станица: можете да
стартувате автоматско пребарување на станица.
<Manual Tune> (кај аудио извори DAB/DAB2)
Рачно поставување на менито: Може рачно да ја
поставите саканата фреквенција.
<Display Type> (кај аудио извор DAB/DAB2)
Мени вид на приказ: може да изберете кој текст ќе се
Bosch Power Tools
појави во долниот дел на мултифункционалниот
приказ (k):
– Информативен текст што го пренесува
радиостаницата <Dynamic Label>,
– Фреквенцијата на станицата <Frequency>,
– Јачината на сигнал <Signal Strength>,
– Тип на програма што го пренесува
радиостаницата <Program Type>.
<Display Type> (кај аудио извор FM/FM2)
Мени вид на приказ: може да изберете кој текст ќе се
појави во долниот дел на мултифункционалниот
приказ (k):
– Информативен текст што го пренесува
радиостаницата <Radio Text>,
– Името на станицата <Program Service>,
– Тип на програма што го пренесува
радиостаницата <Program Type>.
<Set FM Mono> (кај аудио извор FM/FM2)
Мени моно прием: моно приемот можете да го
вклучите <On> или исклучите <Off>. Моно приемот се
препорачува ако радиото често менува помеѓу стерео и
моно прием при станица со слаб сигнал.
<TWS> (кај аудио извор Bluetooth®)
Мени True Wireless Stereo: можете да го поставите
радиото како десен звучник <TWS Right>, како лев
звучник <TWS Left> или да ја исклучите
функцијата <OFF>.
Напојување со енергија на надворешни уреди
USB-приклучок
Со помош на USB-приклучокот може да се наполнат
повеќето уреди, чиешто напојување со енергија е
возможно преку USB (на пр. различни мобилни
телефони). Максималната струја за полнење
изнесува 1,2 A.
Отворете го заштитното капаче на преградата за
приклучок (15). Поврзете го USB-приклучокот на
надворешниот уред преку соодветен USB-кабел со USB-
конектор за полнење (23) на радиото (USB charging).
При работење со батерија, надворешниот уред може да
се полни само ако е вклучено радиото.
Заради заштита од нечистотии повторно затворете го
заштитното капаче на преградата за приклучок (15) ако
го отстранувате приклучокот на USB кабелот.
Совети при работењето
Куки за закачување
Со куките за закачување (19) може да го закачите
радиото на пр. на скала. За таа цел, вртете ги куките за
закачување во саканата позиција.
Напомени за оптимално користење на батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во опсег на температура од
−20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во
автомобилот во лето.
Македонски | 187
1 609 92A 6F3 | (30.03.2021)