290 | Македонски
– За да го прекинете процесот на бришење,
притиснете на десното функциско
копче (10) на ознаката со икс.
– За да излезете од приказот на галерија и
да се вратите во режимот на мерење,
притиснете на левото функциско
копче (17) на ознаката Назад.
Исто така можете да ги избришете сите зачувани датотеки
одеднаш (види „<Бриш.на сите слики>", Страница 291).
Пренос на податоци преку USB-интерфејс
Отворете го поклопецот на микро-USB-отворот (1).
Поврзете го микро-USB-отворот (26) на мерниот уред со
помош на испорачаниот микро-USB-кабел (8) со Вашиот
компјутер.
Вклучете го сега мерниот уред со копчето за вклучување/
исклучување (12).
Отворете го прелистувачот на датотеки на Вашиот
компјутер и изберете го дискот GIS 1000 C. Зачуваните
датотеки може да се ископираат од внатрешната
меморија на мерниот уред, да се поместат или избришат
на Вашиот компјутер.
Штом ќе го завршите саканиот процес, стандардно
разделете го дискот од компјутерот и потоа повторно
исклучете го мерниот уред со копчето за вклучување/
исклучување (12).
Внимание: секогаш прво исклучувајте го дискот од
вашиот оперативен систем (извадете го дискот), во
спротивно внатрешната меморија на мерниот уред може
да биде оштетена.
Извадете го микро-USB-кабелот за време на мерењето и
затворете го поклопецот (1).
Капакот на USB-интерфејсот секогаш треба да биде
затворен за да не може да навлезе во прав или вода во
куќиштето.
Напомена: поврзете го мерниот уред преку USB
исклучиво со компјутер. Мерниот уред може да се оштети
доколку го приклучите на други уреди.
Пренос на податоци преку Bluetooth®
Мерниот уред е опремен со Bluetooth® модул, со што е
овозможено безжично пренесување на податоци од
мерниот уред на мобилен уред. Специјални Bosch-
апликации (Apps) стојат на располагање за користење.
Тие може да се преземат во соодветните продавници во
зависност од терминалот.
Bosch-апликациите Ви овозможуваат (покрај безжичното
пренесување на податоци), проширен опсег на функции
1 609 92A 4X3 | (03.11.2020)
и ја поедноставуваат обработката и проследувањето на
мерните податоци (на пр., по е-маил). Информации за
потребните системски предуслови за Bluetooth® врска ќе
најдете на интернет страната на Bosch
www.bosch-professional.com/thermal.
За да ја вклучите Bluetooth® врската на мерниот уред,
во <Глав.мени> отворете на (види „Навигирање
во <Глав.мени>", Страница 290) и поставете
го <Bluetooth> на <вкл.>. На екранот се појавува
приказот (e). Проверете дали Bluetooth®-интерфејсот е
активиран на Вашиот мобилен уред.
По старт на Bosch-апликацијата (при активирани
Bluetooth®-модули) се воспоставува врска помеѓу
мобилниот и мерниот уред. Доколку се пронајдени
повеќе активни мерни уреди, изберете го соодветниот
мерен уред. Доколку е пронајден само еден активен
мерен уред, се воспоставува автоматска врска.
Напомена: при воспоставување на првата врска
(спарување) помеѓу мерниот и мобилниот уред (на пр.
паметен телефон, таблет) може да Ви биде побаран пин-
кодот за мерниот уред. Во ваков случај, внесете „0000".
При пренос на податоци со помош на Bluetooth®, може да
настанат временски одложувања помеѓу мобилниот и
мерниот уред поради лоши услови за прием.
<Глав.мени>
Навигирање во <Глав.мени>
– За да стигнете во <Глав.мени>, при
стандарден екран за приказ притиснете на
десното функциско копче (10) на
ознаката на менито (l).
– За навигирање во едно од нивоата на
менито, притискајте на копчето со стрелка
нагоре (16) одн. копчето со стрелка
надолу (13) додека саканата точка од
менито не се обои.
– Доколку во нагласената точка од менито
постои и подмени, тоа се означува со
стрелка надесно покрај <поставете>. За
да дојдете до подменито, притиснете на
копчето со стрелка десно (11).
– Доколку во нагласената точка од менито
постојат повеќе можности за избор, тогаш
ќе се прикаже моменталната поставка
помеѓу 2 стрелки. За да ја промените
поставката, притиснете на копчето со
стрелка лево (15) или копчето со стрелка
десно (11). Бројчаните вредности побрзо
се менуваат, доколку го држите
притиснато соодветното копче со стрелка.
– Кај некои точки од менито можете да ја
вклучите одн. да ја исклучите функцијата.
За исклучување, притиснете на копчето
со стрелка лево (15), за да се
нагласи <искл.>. За вклучување,
притиснете на копчето со стрелка
Bosch Power Tools