OBJ_BUCH-2583-003.book Page 234 Thursday, September 1, 2016 7:50 AM
234 | Македонски
Доколку показателот на агли 31 по подесувањето не е во
линија со 0°-ознаката на скалата 32, олабавете ја
завртката 48 со обичен крстест одвртувач и насочете го
показателот на агли по должина на 0°-ознаката. (види
слика R)
Поставување на стандардниот агол на закосување 45°
(вертикално)
– Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила 7 до жлебот 45 за 0°. Лостот
11 мора осетно да се вклопи во жлебот.
– Олабавете ја затезната дршка 26 и навалете ја рачката
на алатот на дршката 3 до крај налево (45°).
Проверете: (види слика Q1)
– Поставете го аголното мерило на 45° и ставете го на
масата за пилата 7.
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата
должина со листот на пилата 41.
Поставување: (види слика Q2)
– Олабавете ја контра-навртката на завртката-граничник
23 со обичен окаст или вилушкаст клуч (13 mm).
– Завртете ја завртката-граничник навнатре или
нанадвор, додека кракот од агломерот не е рамен по
целата должина со листот на пилата.
– Повторно цврсто стегнете ја затезната дршка 26.
– Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на
завртката-граничник 23.
Доколку показателот на агли 31 по подесувањето не е во
иста линија со 45°-ознаката на скалата 32, најпрво уште
еднаш проверете ја 0°-поставката за аголот на закосување
и показателот на агли. Потоа повторете го подесувањето
за 45°-аголот на закосување.
Транспорт (види слика S)
Пред транспортот на електричниот апарат мора да ги
извршите следните чекори:
– Подесете го електричниот апарат во транспортна
позиција.
– Отстранете ги деловите на опремата, кои не може
цврсто да се монтираат на електричниот апарат.
Неискористените листови за пила, доколку сакате да ги
транспортирате ставете ги во затворена кутија.
– Електричниот апарат носете го со транспортната рачка
28 или фатете го за жлебовите за држење 15 странично
на масата за пила.
За транспортирање на електричниот апарат,
користете ги секогаш уредите за транспорт, а не
заштитните уреди.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш
набавете го од Bosch или специјализирана продавница за
Bosch-електрични апарати, за да го избегнете
загрозувањето на безбедноста.
1 609 92A 3A2 | (1.9.16)
Чистење
Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и
отворите за проветрување, за да може добро и безбедно
да работите.
Заштитната хауба со повратен механизам мора секогаш да
се движи слободно и самостојно да се затвора. Пределот
околу заштитната хауба со повратен механизам секогаш
треба да биде чист.
Отстранете ја правта и струготините со издувување со
компресиран воздух или со четка по секоја работна
постапка.
Опрема
Продолжеток за држачот
Листови за пила за цврсто дрво, композитни
материјали, пластика и неметали
Лист за пилата 254 x 30 мм, 96 запци
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Отстранување
Електричните апарати, опремата и амбалажите треба да се
отстранат на еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте електричните апарати во домашната канта
за ѓубре!
Само за земји во рамки на ЕУ
Според Европската регулатива
2012/19/EU за електрични и електронски
уреди и нивна национална употреба, елек-
тричните апарати што се вон употреба
мора одделно да се собираат и да се реци-
клираат на еколошки прифатлив начин.
Се задржува правото на промена.
Број на дел/артикл
1 619 PA6 916
2 608 640 451
Bosch Power Tools