OBJ_BUCH-1366-005.book Page 115 Thursday, August 8, 2013 10:18 AM
По завршување на работниот процес исклучете го
електричниот апарат и извлечете го листот за пила
дури откако ќе биде во состојба на мирување. На тој
начин ќе избегнете повратен удар и ќе може безбедно
да го оставите електричниот апарат.
Користете само неоштетени, беспрекорни листови
за пила. Искривените или неостри листови за пила
може да се скршат, да влијаат негативно на сечењето
или да предизвикаат повратен удар.
По исклучувањето не го закочувајте листот за пила
со странично притискање. Листот за пила може да се
оштети, скрши или да предизвика повратен удар.
Добро затегнете го материјалот. Материјалот што се
обработува не го држете со рака или нога. Не
допирајте предмети или пак тлото со пилата додека
работи. Постои опасност од повратен удар.
Користете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и
електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да
доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни
цевки предизвикува оштетување или може да
предизвика електричен удар.
При работата, држете го електричниот апарат
цврсто со двете дланки и застанете во сигурна
положба. Со електричниот апарат посигурно ќе
управувате ако го држите со двете дланки.
Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
Почекајте додека електричниот апарат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе
до губење контрола над уредот.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го
читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за сечење на дрво,
пластика, метал и градежни материјали со фиксирано
запирање. Тој е наменет за прави и криви резови. Со
користење на соодветни биметални листови за пила,
возможни се и кратки резови. Треба да внимавате на
препораките за листови за пилата.
Bosch Power Tools
Светлото на овој електричен апарат е наменето да го
осветли директно полето на работа на електричниот
апарат и не е погодно за просторно осветлување во
домаќинството.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката страница.
1 Лист на пилата*
2 Подеслива основна плоча
3 Прифат за листот за пилата
4 Чаура за блокирање на листот на пилата
5 Лост за подигање
6 Куки за закачување
7 Прекинувач за вклучување/исклучување
8 Блокада при вклучување на прекинувачот за
вклучување/исклучување
9 Копче за отклучување на основната плоча
10 Лампа „PowerLight"
11 Рачка (изолирана површина на дршката)
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Сабјеста пила
Број на дел/артикл
Номинална јачина
Број на удари во празен од n
0
Прифат на алатот
Осцилација
Константна електроника
Удари
макс. длабочина на резот
– во дрво
– во челик, нелегиран
– дијаметар на цевката
Тежина согласно
EPTA-Procedure 01/2003
Класа на заштита
Податоците важат за номинален напон [U] од 230 волти. Овие
податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност
од изведбата во односната земја.
Информации за бучава/вибрации
Мерни вредности за бучава во согласност со EN 60745.
Нивото на звук на уредот, оценето со А, типично изнесува:
ниво на звучен притисок 95 dB(A); ниво на звучна јачина
106 dB(A). Несигурност K=3 dB.
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации a
трите насоки) и несигурност K дадени се во согласност со
EN 60745:
Сечење на шперплочи: a
=17,5 m/s
h
Сечење на дрвени греди: a
=23,5 m/s
h
Македонски | 115
GSA 1300 PCE
3 601 F4E 2..
W
1300
-1
min
0 –2900
SDS
мм
28
мм
220
мм
20
мм
175
кг
4,1
/II
(векторски збор на
h
2
2
, K=1,5 m/s
,
2
2
, K=1,5 m/s
.
1 609 92A 0CN | (8.8.13)