62 | Македонски
Доколку при некоја од проверките мерниот уред го
надмине максималното отстапување, тогаш треба да се
поправи од страна на сервисната служба на Bosch.
Проверка на точноста на висината на хоризонталната
линија
За проверката потребна ви е слободна мерна линија од
5 m на цврста подлога помеѓу два ѕида A и B.
– Монтирајте го мерниот уред во близина на ѕидот A на
ротирачка платформа (12) одн. на статив (24), или
поставете го на цврста, рамна подлога. Вклучете го
мерниот уред во режим со автоматика за нивелирање.
Вклучете го хоризонталниот режим како и
вертикалниот режим со вертикална ласерска линија
нанапред.
A
5 m
– Насочете го ласерот во близина на ѕидот A и оставете
го мерниот уред да се нивелира. Обележете ја
средината на точката, каде ласерските линии се
вкрстуваат на ѕидот (точка Ⅰ).
A
180°
– Свртете го мерниот уред за 180°, оставете го да се
нивелира и означете ја точката на вкрстување на
ласерските линии на спротивниот ѕид B (точка Ⅱ).
– Поставете го мерниот уред – без да го вртите – во
близина на ѕидот B, вклучете го и оставете го да се
нивелира.
1 609 92A 4HL | (27.11.2020)
A
– Поставете го мерниот уред по висина (со помош на
стативот или евентуално со подлогата), така што
точката на вкрстување на ласерските линии точно ќе ја
погоди претходно означената точка Ⅱ на ѕидот B.
B
A
d
– Свртете го мерниот уред за 180°, без да ја промените
висината. Насочете го на ѕидот A, така што
вертикалната ласерска линија проаѓа низ веќе
означената точка Ⅰ. Оставете го мерниот уред да се
нивелира и означете ја точката на вкрстување на
ласерските линии на ѕидот A (точка Ⅲ).
B
– Разликата d на двете означени точки Ⅰ и Ⅲ на ѕидот A
го дава фактичкото отстапување од висината на
мерниот уред.
На мерна линија од 2 × 5 m = 10 m максималното
дозволено отстапување изнесува:
10 m × ±0,2 mm/m = ±2 mm. Разликата d меѓу точките Ⅰ и
Ⅲ смее да изнесува најмногу 2 mm.
Проверка на точноста на нивелирање на
хоризонталната линија
За проверка, потребна ви е слободна површина од околу
5 × 5 m.
– Монтирајте го мерниот уред во средина меѓу ѕидовите
A и B на ротирачка платформа (12) одн. на
статив (24), или поставете го на цврста, рамна
подлога. Вклучете го мерниот уред во режим со
автоматика за нивелирање. Вклучете го
хоризонталниот режим и оставете мерниот уред да се
нивелира.
B
B
180°
Bosch Power Tools