Bosch GCO 14-24 J Professional Notice Originale page 184

Masquer les pouces Voir aussi pour GCO 14-24 J Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 21
184 | Македонски
Останати напомени за транспорт (види „Транспорт",
Страница 185).
Подесување на хоризонталниот агол на
закосување (види слика D)
Хоризонталниот агол на закосување може да се постави
во граници од 0° до 45°.
Важните вредности за подесување се означени со
соодветните ознаки на аголниот граничник (7).
Позициите 0° и 45° се осигуруваат со помош на крајниот
граничник.
– Олабавете ги завртките за фиксирање (16) на
аголниот граничник со испорачаниот клуч со
внатрешна шестаголна глава (12) (8 mm).
– Поставете го саканиот агол и повторно затегнете ги
двете завртки за фиксирање (16).
Поместување на аголниот граничник (види слики D−E)
Аголниот граничник (7) можете да го поместите наназад,
доколку сакате да пресечете парчиња со ширина
поголема од 140 mm.
– Целосно одвртете ги завртките за фиксирање (16) со
испорачаниот клуч со внатрешна шестаголна глава
(12) (8 mm).
– Поместете го аголниот граничник (7) на саканото
растојание за една или две дупки наназад.
– Поставете го саканиот агол и повторно затегнете ги
двете завртки за фиксирање (16).
Прицврстување на делот што се обработува
За овозможување на оптимална работна безбедност,
секогаш мора добро да го прицврстите делот што се
обработува.
Не обработувајте парчиња, кои се премали за добро да
се зацврстат.
Прицврстување на делот што се обработува (види
слика E)
– Ставете го делот што се обработува на аголниот
граничник (7).
– Лостот за фиксирање (8) ставете го на делот што се
обработува и цврсто затегнете го со помош на рачката
на вретеното (10).
Прицврстување на делот (пресек макс. 40 x 40 mm) на
основа за делови за обработка (види слика F−H)
– Поставете го стандардниот агол на закосување 0° на
аголниот граничник (7).
– Лесно подигнете ја основа за делови за обработка (15)
и вметнете ја низ процепот на аголниот граничник.
– Закачете ги куките на основата за делови за обработка
во отворот на стезната челуст (14).
– Поставете го делот за обработка на основата (15).
– Лостот за фиксирање (8) ставете го на делот што се
обработува и цврсто затегнете го со помош на рачката
на вретеното (10).
1 609 92A 531 | (16.04.2019)
Проверете дали основата за делови за обработка е
u
цврсто поврзана со стезната челуст и нема да се
преврти ако го ставите делот.
Проверете дали висината на делот за обработка
u
изнесува макс. 40 mm на основата. Повисоките
делови за обработка не се сигурно прицврстени.
Проверете дали по користењето основата за делови
u
за обработка е целосно вратена во аголниот
граничник. Излезената кука го спречува
безбедното стегање на делот што се обработува.
Олабавување на делот што се обработува
– Олабавете ја рачката на вретеното (10).
– Отворете го делот за брзо отклучување (9) и
извлечете го вретеното за фиксирање (8) од делот што
се обработува.
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на полначот.
Полначите означени со 230 V исто така може да се
користат и на 220 V.
Пред употребата проверете ги брусните плочи за
u
сечење. Брусната плоча за сечење мора да биде
монтирана беспрекорно и да може слободно да се
врти. Направете проба од најмалку 30 секунди, без
оптоварување. Не користете оштетени,
нетркалезни или брусни плочи за сечење што
вибрираат. Оштетените брусни плочи за сечење може
да пукнат и да предизвикаат повреди.
Правта од материјалите како на пр. боја што содржи
олово, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички на метал важат како опасни, особено
во врска со легурите како на пр. цинк, алуминиум или
хром. Материјалите што содржат азбест може да бидат
обработувани само од страна на стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Брусната плоча за сечење може да се блокира поради
прав, струготини или скршени делови на делот што се
обработува во отворот на основната плоча (13).
– Исклучете го електричниот алат и извлечете го
струјниот приклучок од приклучницата.
– Почекајте додека брусната плоча за сечење целосно
не дојде во состојба на мирување.
– Навалете го електричниот алат наназад, за да можат
ситните делови на парчето што се обработува да
паднат надвор од отворот предвиден за тоа.
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières