180 | Македонски
означена на електричниот алат. Дополнителната
опрема која работи побрзо од утврдената брзина може
да експлодира и да се распрска насекаде.
Дисковите мора да се користат само за соодветни
u
намени. На пример: не користете диск за сечење за
странично брусење. Абразивните дискови за сечење
се наменети за периферно брусење, страничните сили
што се применуваат на овие дискови може да
предизвикаат нивно распарчување.
Секогаш користете неоштетени прирабници со
u
правилна големина и форма за вашиот диск.
Соодветни прирабници за дискови го потпираат
дискот, со што се намалува можноста од кршење на
дискот.
Надворешниот дијаметар и дебелина на вашата
u
дополнителна опрема мора да биде во рамките на
класата на вашиот електричен алат. Дополнителна
опрема со несоодветна величина не може соодветно
да се заштити и контролира.
Големината на осовината на дисковите и
u
прирабниците мора правилно да се вклопува во
вретеното на електричниот алат. Дисковите и
прирабниците чијашто дупка за осовина не се
вклопува во намонтираниот тврд дел на електричниот
алат, ќе изгубат рамнотежа, прекумерно ќе вибрираат
и може да предизвикаат губење на контрола.
Не користете оштетени дискови. Пред секоја
u
употреба, проверете дали дисковите имаат
процепи или пукнатини. Доколку електричниот алат
или дискот паднат, проверете дали се оштетени или
инсталирајте неоштетен диск. По проверката или
инсталирањето на дискот, вие и луѓето во близина
поместете се подалеку од работната површина на
ротирачкиот диск и вклучете го електричниот алат
на максимална брзина без оптоварување една
минута. Оштетените дискови вообичаено се
расипуваат во текот на овој тест период.
Носете лична заштитна опрема. Во зависност од
u
примената, користете штитник за лице,
безбедносни или заштитни очила. Како што е
соодветно, носете маска за заштита од прашина,
штитници за уши, ракавици и работничка престилка
којашто ги запира малите абразивни парчиња или
парчиња од делот што го обработувате. Заштитата
за очи мора да овозможи спречување на остатоци што
се распрскуваат при работењето. Маската против прав
или респираторот мора да ги филтрира честичките што
се генерираат при работењето. Долготрајна
изложеност на интензивна бучава може да доведе до
губење на слухот.
Луѓето во ваша близина треба да бидат оддалечени
u
од работниот простор. Секој што влегува во
работниот простор мора да носи лична заштитна
опрема. Парчињата од делот што го обработувате или
од расипаниот диск може да се распрскаат и да
предизвикаат повреда надвор од непосредната
работна површина.
1 609 92A 531 | (16.04.2019)
Тргнете го настрана кабелот од ротирачка
u
дополнителна опрема. Доколку изгубите контрола,
кабелот може да се пресече или закачи и вашата
дланка или рака може да влезе во ротирачкиот диск.
Редовно чистете ги воздушните вентили на
u
електричниот алат. Моторот на вентилаторот може да
ја повлече прашината во куќиштето, а претераната
акумулација на метален прав може да предизвика
опасност од електрична енергија.
Не работете со електричниот алат во близина на
u
запаливи материјали. Не работете со електричниот
алат доколку се наоѓа на запалива површина, како
на пример на дрво. Искрите можат да ги запалат овие
материјали.
Не користете дополнителна опрема за која се
u
потребни течни разладувачи. Користењето вода или
други течни разладувачи може да доведе до смрт или
струен удар.
Одбивање и слични предупредувања
Одбивање е ненадејна реакција на приклештен или
закачен ротирачки диск. Приклештувањето или
закачувањето предизвикува брзо маневрирање на
ротирачкиот диск, кое од друга страна, предизвикува
неконтролираната единица за сечење присилено да се
движи кон операторот.
На пример, ако абразивен диск е закачен или
приклештен од делот што го обработувате, острицата на
дискот која влегува во приклештената точка може да се
зарие во површината на материјалот и дискот да се
помести или ослободи. Абразивните дискови, исто така,
може да се искршат под овие услови.
Одбивањето е резултат на погрешна употреба и/или
несоодветно работење или услови, и може да се избегне
со преземање на соодветните превентивни мерки
наведени подолу.
Цврсто држење на електричниот алат и
u
позиционирање на вашето тело и рака за да се
овозможи отпор на силите на одбивање.
Операторот може да ги контролира реакциите на
силата на одбивање, доколку се преземат соодветни
превентивни мерки.
Не застанувајте во линија и зад ротирачкиот диск.
u
Доколку дојде до одбивање, ќе ја насочи единицата за
сечење кон операторот.
Не закачувајте ланец на пилата, сечило за длабење,
u
сегментирани дијамантски дискови со периферна
празнина поголема од 10 mm или назабено сечило
за пила. Овие сечила предизвикуваат брзи одбивања
и губење на контрола.
Не го „притискајте" дискот за сечење и не
u
применувајте прекумерен притисок. Не
настојувајте да направите прекумерно длабок
засек. Преоптоварувањето на дискот го зголемува
оптоварувањето и осетливоста на виткање и
навалување на дискот во засекот и можноста за
одбивање или кршење на дискот.
Bosch Power Tools