Bosch AKE 30 LI Notice Originale page 324

Masquer les pouces Voir aussi pour AKE 30 LI:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 37
OBJ_BUCH-1275-004.book Page 324 Monday, April 4, 2016 1:04 PM
324 | Македонски
Отскокнувањето е резултат на несоодветна употреба
или одржување на уредот. Тоа може да се избегне со
преземање на соодветни мерки, како што следи:
 Пилата држете ја со двете раце цврсто, со палецот и
другите прсти околу рачките. Заземете став со
телото и рацете така да можете да спречите
отскокнување на пилата кон Вас. Ракувачот може да
ги контролира отскокнувањата, доколку преземе
потребни мерки на претпазливост. Никогаш не
испуштајте ја пилата.
 Не пресегнувајте предалеку и не подигнувајте ја
пилата повисоко од висината на Вашите рамена. Со
ова ќе спречите несакано допирање на врвот, што
овозможува подобра контрола врз пилата во
непредвидени ситуации.
 Употребувајте само резервни делови и ланци
одредени од произведувачот. Несоодветна замена
може да предизвика кинење на ланецот и
отскокнување.
 Придржувајте се до упатствата за острење и
одржување на пилата дадени од произведувачот.
Намалувањето на длабочината ја зголемува опасноста
од отскокнување.
Дополнителни сигурносни напомени
 Препорачано е пред првата употреба, ракувачот да
добие практични упатства за употреба на пилата и
заштитната опрема од страна на искусен ракувач.
Првото ракување треба да биде сечење цепаници на
постолје „магаре" или на соодветен држач.
 Овој уред не е наменет за употреба од страна на лица
(вклучувајќи и деца) со намалени физички, сетилни или
ментални можности, или со недоволно искуство и
знаење, освен ако не им е обезбеден соодветен надзор
и упатства за работа со уредот, од страна на личност
која е одговорна за нивната безбедност.
Децата треба да се надгледувани поради сигурност
дека нема да си играат со уредот.
 Децата и младите, со исклучок на постарите од 16
години под надзор, не треба да ја употребуваат
пилата. Истото важи и за лицата кои не знаат или
недоволно знаат да ракуваат со пилата. Упатството за
употреба секогаш треба да биде при рака. Уморните
или физички неспремните лица не треба да ракуваат со
пилата.
 При работата, држете го електричниот апарат
цврсто со двете дланки и застанете во сигурна
положба. Со електричниот апарат посигурно ќе
управувате ако го држите со двете дланки.
 Пред да ја користите машината проверете да се
монтирани сите штитници и рачки. Никогаш не
работете со машина која не е целосно монтирана или на
која се вршени недозволени преправки.
 Почекајте додека електричниот апарат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
F 016 L81 531 | (4.4.16)
Напомени за оптимално користење
на батериите
 Осигурајте се дека косачката е исклучена пред да и
ја ставите батеријата. Ставањето на батеријата додека
косачката работи може да предизвика несреќа.
 Употребувајте само Бош батерии наменети за оваа
косачка. Употребата на некои други батерии може да
предизвика повреда или пожар.
 Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток
спој.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од
трајно изложување на сончеви зраци, оган,
вода или влага. Постои опасност од
експлозија.
 Доколку се оштети батеријата или не се користи
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени однесете ги
на лекар. Пареата може да ги надразни дишните
патишта.
 Користете батерии кои се соодветни на Вашиот
производ од Bosch. Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
 Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или шрафцигер или надворешно
влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и
батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира
или да се прегрее.
 Не предизвикувајте краток спој на батеријата.
Инаку, постои опасност од експлозија.
 Заштитете ја батеријата од влага и вода.
 Складирајте ја батеријата во граници на температура од
–20 °C до 50 °C. не ја оставајте батеријата на пр. во
автомобилот летно време.
 Повремено чистете ги отворите за проветрување на
батеријата со мека, чиста и сува четка.
Безбедносни напомени за полначи
Прочитајте ги сите
напомени и упатства за
безбедност. Грешките
настанати како резултат од
непридржување до безбедносните
напомени и упатства може да
предизвикаат електричен удар,
пожар и/или тешки повреди.
Добро чувајте ги овие упатства.
Користете го полначот само откако ќе
ги проучите сите функции и може да
ги примените истите без
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières