Совети При Работењето - Bosch GCL 2-50 C Professional Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour GCL 2-50 C Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 30
254 | Македонски
Проверка на точноста на ласерскиот сноп
За проверката потребна ви е слободна мерна линија на
цврста подлога со растојание од околу 5 m помеѓу подот
и плафонот.
– Монтирајте го мерниот уред на ротациониот
држач (23) и поставете го на подот. Изберете го
точкестиот режим и оставете го мерниот уред да се
нивелира.
– Означете ја средината на горната ласерска точка на
плафонот (точка Ⅰ). Освен тоа, обележете ја средината
на долната ласерска точка на подот (точка Ⅱ).
d
– Свртете го мерниот уред за 180°. Позиционирајте го
на тој начин, што средината на долната ласерска точка
ќе лежи на веќе обележаната точка Ⅱ. Оставете го
мерниот уред да се нивелира. Обележете ја средината
на горната ласерска точка (точка Ⅲ).
– Разликата d на двете означени точки Ⅰ и Ⅲ на плафонот
го дава фактичкото отстапување на мерниот уред од
вертикалните линии.
Максималното дозволено отстапување го пресметувате
на следниот начин:
двојно растојание меѓу подот и плафонот × 0,7 mm/m.
Пример: При растојание меѓу подот и плафонот од 5 m
максималното отстапување смее да изнесува
2 × 5 m × ±0,7 mm/m = ±7 mm. Точките Ⅰ и Ⅲ смеат да
лежат најмногу 7 mm една од друга.
Совети при работењето
За обележување користете ја секогаш средината на
u
ласерската точка одн. ласерската линија.
Големината на ласерската точка одн. ширината на
ласерската линија се менува согласно растојанието.
1 609 92A 4HG | (12.11.2020)
u
Работење со целна табла за ласерот
Целната табла за ласерот (31) ја подобрува видливоста
на ласерскиот зрак при неповолни услови и големи
растојанија.
Рефлектирачката површина на целната табла на
ласерот (31) ја подобрува видливоста на ласерската
линија, низ транспарентната површина ласерската линија
е видлива и од задната страна на целната табла на
ласерот.
Работење со статив (опрема)
5 m
Стативот овозможува стабилна мерна подлога што може
да се подесува по висина. Поставете го мерниот уред со
1/4"-прифатот на стативот (18) на навојот на стативот
(32) или обичен фото статив. Зацврстете го мерниот уред
со завртка за фиксирање на стативот.
Грубо центрирајте го стативот, пред да го вклучите
мерниот уред.
Прицврстете со универзален држач (опрема)
(види слика L)
Со помош на универзалниот држач (26) може да го
прицврстите мерниот уред на пр. на вертикални
површини или магнетизирани материјали.
Универзалниот држач и исто така погоден и како поден
статив и го олеснува подесувањето по висина на мерниот
уред.
Грубо центрирајте го универзалниот држач (26), пред да
180°
го вклучите мерниот уред.
Работење со ласерски приемник (опрема)
(види слика L)
При неповолни светлосни услови (осветлена околина,
директни сончеви зраци) и на големи растојанија за
подобро наоѓање на ласерските линии користете го
ласерскиот приемник (29). При работење со ласерски
приемник вклучете го режимот на приемник (види
„Режим на приемник", Страница 251).
Ласерски заштитни очила (опрема)
Ласерските заштитни очила ја филтрираат околната
светлина. На тој начин светлото на ласерот изгледа
посветло за окото.
u
u
Мерниот уред е опремен со безжичен интерфејс.
Треба да се внимава на локалните оперативни
ограничувања, на пр. во авиони или болници.
Не ги користете ласерските заштитни очила
(дополнителна опрема) како заштитни очила.
Ласерските заштитни очила служат за подобро
распознавање на ласерскиот зрак; сепак, тие не
штитат од ласерското зрачење.
Не ги користете ласерските заштитни очила
(дополнителна опрема) како очила за сонце или
пак во сообраќајот. Ласерските очила не даваат
целосна UV-заштита и го намалуваат препознавањето
на бои.
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Gcl 2-50 cg professional

Table des Matières