OBJ_BUCH-2301-002.book Page 298 Monday, December 22, 2014 10:15 AM
298 | Македонски
Менување на листови за пилата
При ставањето на листот на пилата носете заштитни
ракавици. Доколку го допрете листот на пилата постои
опасност од повреда.
Употребувајте само листови за пила, чија максимално
дозволена брзина е повисока од бројот на празни вртежи
на вашиот електричен апарат.
Користете само листови за пила, кои одговараат на
наведените податоци во ова упатство за употреба или се
проверени според EN 847-1 и се соодветно означени.
Користете само листови за пила, што се препорачани од
производителот на овој електричен апарат и со погодни за
материјалот што сакате да го обработувате.
Монтажа со завртка со внатрешна шестоаголна глава
(погледнете ги сликите C1–C3)
Вадење на листот од пилата:
– Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
– Притиснете на лостот за блокада 13, навалете ја
осцилаторната заштитна хауба 15 до крај наназад и
повторно отпуштете го лостот за блокада.
Држете ја осцилаторната заштитна хауба во оваа
позиција.
– Свртете ја завртката со внатрешна шестаголна глава 46
со инбус клуч (6 mm) 38 и истовремено притиснете ја
блокадата на вретеното 42, додека не се вклопи.
– Држете ја притисната блокадата на вретеното 42 и
одвртете го шрафот 46 во правец на стрелките на
часовникот (лев навој!).
– Извадете ја стезната прирабница 47.
– Извадете го листот за пилата 48.
– Полека вратете ја осцилаторната заштитна хауба
надолу.
Монтирање на листот за пилата:
Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите
делови што треба да се монтираат.
– Притиснете на лостот за блокада 13, навалете ја
осцилаторната заштитна хауба 15 до крај наназад и
повторно отпуштете го лостот за блокада.
Држете ја осцилаторната заштитна хауба во оваа
позиција.
– Ставете го новиот лист за пила на внатрешната стезна
прирабница 49.
При монтажата, внимавајте правецот на сечење на
запците (правецот на стрелката на листот за пилата)
да се совпаѓа со правецот на стрелката на
заштитната хауба!
– Поставете ги затегнувачката прирабница 47 и
завртката со внатрешна шестаголна глава 46.
Притиснете ја блокадата на вретеното 42, додека не се
вклопи и затегнете ја завртката во правец спротивен на
стрелките на часовникот.
– Полека вратете ја осцилаторната заштитна хауба
надолу.
1 609 92A 0Z5 | (22.12.14)
Монтажа со SDS-завртки (види слика D)
При вертикално сечење со закосување и користење
на SDS-завртка 31 пред сечењето, со помош на
соодветно подесување на граничникот за
длабочина, мора да се осигурате дека SDS-
завртките во ниеден момент нема да се допираат до
површината на делот што се обработува (види
„Подесување на граничникот за длабочина",
страна 302). На тој начин се спречува оштетување на
SDS-завртките и/или делот за обработка.
Вадење на листот од пилата:
– Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
– Притиснете на лостот за блокада 13, навалете ја
осцилаторната заштитна хауба 15 до крај наназад и
повторно отпуштете го лостот за блокада.
Држете ја осцилаторната заштитна хауба во оваа
позиција.
– Завртете ги SDS-завртките 31 и истовремено
притиснете ја блокадата на вретеното 42, додека истата
не се вклопи.
– Држете ја блокадата на вретеното 42 притиснете и
одвртете ги SDS-завртките 31 во правец на стрелките
на часовникот (лев навој!).
– Извадете ја стезната прирабница 47.
– Извадете го листот за пилата 48.
– Полека вратете ја осцилаторната заштитна хауба
надолу.
Монтирање на листот за пилата:
Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите
делови што треба да се монтираат.
– Притиснете на лостот за блокада 13, навалете ја
осцилаторната заштитна хауба 15 до крај наназад и
повторно отпуштете го лостот за блокада.
Држете ја осцилаторната заштитна хауба во оваа
позиција.
– Ставете го новиот лист за пила на внатрешната стезна
прирабница 49.
При монтажата, внимавајте правецот на сечење на
запците (правецот на стрелката на листот за пилата)
да се совпаѓа со правецот на стрелката на
заштитната хауба!
– Поставете ја затегнувачката прирабница 47 и SDS-
завртките 31. Притиснете ја блокадата на вретеното 42
додека не се вклопи и затегнете ги SDS-завртките во
правец спротивен на стрелките на часовникот.
– Полека вратете ја осцилаторната заштитна хауба
надолу.
Bosch Power Tools