Stiga DI 474 Manuel D'utilisation page 99

Tondeuse à conducteur marchant
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 29
MK
ВАЖНО
Прочитајте ги соодветните упатства за
инструкции кои се однесуваат на моторот и
акумулаторот.
Опремата која што е означена со ѕвездичка (*)
е стандард за дадени модели или држави.
Некои модели не се опремени со команда за
гас. Брзината на моторот е поставена на тој
начин да гарантира оптимална работа и
минимални издувни гасови.
СИМБОЛИ
Следните симболи се поставени на машината за да
привлекуваат внимание во однос на правилната
употреба.
Значење на симболите:
Внимание: Внимателно прочитајте го
упатството за употреба пред да ја
користите машината.
Предупредување! Внимавајте да нема лица
во непосредна близина. Внимавајте на
евентуални исфрлени делови од машината.
Предупредување! Кога машината работи,
рацете и нозете држете ги подалеку од
плочата за косење. Пред да изведувате
каква било интервенција за поправка,
извадете го кабелот на свеќичката од
самата свеќичка.
Внимание: За чистење на долната
страна на косачката, треба
секогаш да ја наведнете наназад. Ако ја наведнете
на друга страна може да дојде до истурање на
бензин и масло.
МОНТАЖА
ЗАБЕЛЕШКА - Машината може да се доставува со
некои веќе поставени делови.
ВНИМАНИЕ – потпирањето и целата монтажа
треба да се извршат на цврста и рамна површина
со доволно простор за поместување на машината
и на амбалажата користејќи секогаш соодветни
алати.
Фрлањето на амбалажата треба да се изведува во
согласност со важечките локални закони.
МАКЕДОНСКИ
ИСПУСЕН ДЕФЛЕКТОР
Никогаш не ставајте ја тревокосачката во
движење без пред тоа да го монтирате
испусниот дефлектор за да се избегне
сечивата да исфрлуваат страни предмети и со
тоа да се предизвикаат штети или повреди.
Деловите за монтажа на браниците се во
засебно пакување. Раздвојте ги деловите и
монтирајте го браникот како што е прикажано
(сл. 1). Затегнете ги цврсто навртките.
РАЧКА
1. Наместете ја висината за косење на
највисоко (позиција 4, погледнете го
поглавјето ВИСИНА НА КОСЕЊЕ).
2. Деловите за монтирање на задниот дел на
рачката се веќе составени во засебно
пакување. Ставете ги деловите на долниот
отвор на рамката. Превиткајте го долниот
дел на рачката и монтирајте ги деловите.
ВАЖНА НАПОМЕНА – Подлогата А треба да
се вметне меѓу навртките и пластичните
чаури (сл.2).
3. Превиткајте го горниот дел на рачката и
зашрафете ги деловите за блокирање (сл.
2).
4. Блокирајте ја рачката за придвижување на
прстенот на управувачот (сл. 3).
СТЕГАЛКИ ЗА КАБЛИТЕ
Фиксирајте ги каблите со помош на стегалките
Е (сл. 4).
УПОТРЕБА НА КОСАЧКАТА
ВКЛУЧУВАЊЕ НА МОТОРОТ
1. Поставете ја косачката во хоризонтална
позиција и добра потпора на теренот. Не
вклучувајте ја во висока трева.
2. Проверете дали кабелот на свеќичката е
поврзан со самата свеќичка.
3. Притиснете ја рачката за палење/гаснење G
кон држачот. ЗАБЕЛЕШКА! Рачката за
палење/гаснење G треба да се држи
притисната за да се спречи застанување на
моторот (сл. 5).
4. Зафатете го ракофатот на палењето и
вклучете го моторот со цврсто повлекување
на јажето за палење.
5. За постигнување на најдобри резултати,
моторот секогаш треба да работи во полн
режим.
ЗАПИРАЊЕ НА МОТОРОТ
Моторот може да е многу врел по
гаснење. Не допирајте ги издувната
цевка, моторот или деловите на главата на
моторот. Постои опасност од опекотини.
95
MK

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières