Опис На Производот И Перформансите; Употреба Со Соодветна Намена; Илустрација На Компоненти - Bosch Professional GMF 1600 CE Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour Professional GMF 1600 CE:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 26
обработува на стабилна површина. Доколку го
држите делот што се обработува со рака или го
наслоните на вас, тој ќе биде нестабилен и може да
изгубите контрола.
Дозволениот број на вртежи на глодалките мора да
u
биде најмалку исто толку висок како највисокиот
број на вртежи наведен на електричниот алат.
Глодалките кои се вртат побрзо од дозволеното може
да се скршат и да летнат од алатот.
Глодалките или другата опрема мора точно да
u
одговараат на прифатот за алат (затезната чаура)
на Вашиот електричен алат. Алатите за вметнување
што не може точно да се прицврстат во прифатот за
алат на електричниот алат, се вртат нерамномерно,
вибрираат многу јако и може да доведат до губење на
контролата.
Ставете го електричниот алат само кога е вклучен
u
на делот што се обработува. Инаку постои опасност
од повратен удар, доколку алатот што се вметнува се
заглави во делот што се обработува.
Не посегајте со дланките во полето на глодање и во
u
глодалката. Со другата рака држете ја
дополнителната дршка. Доколку со двете дланки ја
држите глодалката, нема да може да се повредите.
Не глодајте никогаш над метални предмети, клинци
u
и шрафови. Глодалката може да се оштети и да доведе
до зголемени вибрации.
Користете соодветни уреди за пребарување, за да
u
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и струен
удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до
експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки
предизвикува оштетување и може да предизвика
електричен удар.
Не користете тапи или оштетени глодалки. Тапите
u
или оштетените глодалки предизвикуваат зголемено
триење, може да се заглават и да доведат до
нерамнотежа.
Почекајте додека електричниот алат сосема не
u
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да
доведе до губење контрола над уредот.
При работата, држете го електричниот алат цврсто
u
со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со
електричниот алат посигурно ќе управувате ако го
држите со двете дланки.
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни
напомени и упатства. Грешките настанати
како резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
Bosch Power Tools
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за глодање на жлебови,
рабови, профили и долгнавести отвори на цврста
подлога во дрво, пластика и лесни градежни материјали
како и за копирно глодање.
При намален број на вртежи и со соодветните глодалки
може да обработувате и обоени метали.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Мотор за глодање
(2) Единица за вдлабнување
(3) Единица за копирање
(4) Рачка (изолирана површина на рачката)
(5) Вртливо копче за фино подесување на
длабочината на глодање (единица за
вдлабнување)
(6) Скала за фино подесување на длабочина на
глодање
(7) Лост за отклучување на функцијата за
вдлабнување
(8) Индексна ознака за фино подесување
(9) Скала за подесување на длабочината на глодање
(единица за вдлабнување)
(10) Лизгач со индексна ознака (единица за
вдлабнување)
(11) Граничник за длабочина (единица за
вдлабнување)
(12) Револвер-граничник
(13) Основна плоча
(14) Лизгачка плоча
(15) Копче за контрола на бројот на вртежи
(16) Завртка со нарецкана глава за граничник за
длабочина (единица за вдлабнување)
(17) Навртка за осигурување со затезна чаура
a)
(18) Глодалки
(19) Копче за фиксирање на прекинувачот за
вклучување/исклучување
(20) Прекинувач за вклучување/исклучување
(21) Сигурносно копче за вадење на моторот
(22) Затезен лост за единица за вдлабнување/единица
за копирање
(23) Прифат за водечките прачки на паралелниот
граничник
(24) Вртливо копче за фино подесување на
длабочината на глодање (единица за копирање)
Македонски | 201
1 609 92A 57S | (16.04.2021)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières