Правила За Употреба; Користење На Машината - Stiga TI 36 V Manuel D'utilisation

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 23
MK
ПРАВИЛА ЗА УПОТРЕБА
Прочитајте го соодветното упатство за употреба што
се однесува на моторот.
ЗАБЕЛЕШКА - Соодветноста меѓу ставките што се дадени
во упатството и соодветните слики (дадени на страницата
2 и следните) е претставена со број што претходи на
соодветниот пасус.
1. КОМПЛЕТИРАЊЕ НА МОНТАЖАТА
ЗАБЕЛЕШКА - машината може да се доставува со
некои веќе монтирани делови.
ВНИМАНИЕ - Pаспакувањето и целата монтажа треба
да се извршат на цврста и рамна површина со доволно
простор за поместување на машината и на амбалажата
користејќи секогаш соодветни алати.
Фрлањето на амбалажата треба да се изведува во
согласност со важечките локални закони.
1.1 Поставување на ракофатот
Спојте ги држачот (1) со двата странични елементи на
ракофатот (2а) и (2b).
Вметнете ги двете подлошки (3a, 3b) и зацврстете ги двете
навртки на основата (4) на двете страни.
ВНИМАНИЕ - присуството на држачот претставува
важен безбедносен елемент и затоа треба
правилно да се изврши.
Поставете го ракофатот (2) врз потпората (8) внимавајќи
да ги оставите каблите под потпората. Позиционирајте
ги четирите странични завртки (6) и подлошките (6а)
во наведената секвенца, потоа вметнете ги внатрешно
подлошките (6b) и затегнете ги двете навртки (5) од двете
страни.
Протнете го централниот столб (9) наспроти потпората (8)
и фиксирајте го со шрафовите (7).
1.2 Заклучување на оските на фрезата
Ставете ги двете завртки (1) на двата краја на оската на
фрезата (2).
1.3 Полнење масло
ЗАБЕЛЕШКА - За оваа машина се препорачува
употреба на масло SAE 15W-40.
• Пренос
Легнете ја машината на десната страна.
Откачете ја иглата (1), вметнете го клинот и отстранете ги
фрезите (2).
Одвртете го капакот (3) и во отворот истурете околу 250 мл
масло со ист квалитет со она кое го користите за моторот.
Вратете
го
капакот
позициониратепополнувачот (4) и вратете ги фрезите (2)
со соодветниот клин и игла (1).
(3)
внимавајќи
да
• Мотор
Спроведете го дополнувањето на маслото за моторот
следејќи ги упатставата дадени во соодветното упатство.
1.4 Поставување на потпората
Вметнете ја потпората (1) во лежиштето и фиксирајте ја на
саканата висина со клинот (2) и расцепката (3).
2. КОМАНДИ И УПРАВУВАЊЕ
ЗАБЕЛЕШКА - значењето на дадените симболи за
командите е објаснето од страница 6 па понатаму.
2.1 2.1 Команда за забрзување
Забрзувачот се управува со рачка (1).
Позициите на рачката се посочени на соодветната етикета.
Забрзувачот ја регулира брзината на вртење на фрезите и
истовремено брзината на движење на машината.
2.2 Рачка за вклучување на фрезите
Движењето на фрезите при контакт со почвата доведува
до движење на машината.
Притиснете ја безбедносната рачка (1) и повлечете ја
рачката за вклучување (2) за да ги активирате фрезите.
Ако ја пуштите рачката (2), фрезите застануваат и
машината престанува да се движи.
2.3 Регулација на длабочината на орањето
Регулацијата на длабочината до која ќе навлегуваат
фрезите во почвата се регулира со потпората (1) којашто
може да се постави на 3 разни висини.
Најниската позиција соодветствува на минималната
длабочина за орање.
Извадете ги расцепката (3) и клинот (2) и поставете ја
саканата висина кога сакате да ја смените висината на
потпората (1).
2.4 Регулација на помошното тркало
Помошното тркало (1) може да се постави на две различни
висини:
– спуштено со контакт врз почвата за да го олесни
поместувањето,
– подигнато, во текот на работата за да им овозможи на
фрезите да навлегуваат во почвата.
За да преминете од една во друга позиција, треба да го
фатите тркалото (1), да го повлечете за да излезе клинот
(2) од соодветното лежиште во потпората (3) и да го
поставите на саканата висина.
3. КОРИСТЕЊЕ НА МАШИНАТА
3.1 Палење на моторот
го
Позиционирајте го приклучокот за палење на «ON» (1),
потоа решително повлечете ја рачката на кабелот за
стартување (2).
46

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières