OBJ_BUCH-2303-005.book Page 308 Thursday, December 15, 2016 11:35 AM
308 | Македонски
Поставување: (види слика U2)
– Олабавете ја контра-навртката на завртката-граничник
60 со обичен окаст или вилушкаст клуч (10 mm).
– Завртете ја завртката-граничник навнатре или
нанадвор, додека кракот од агломерот не е рамен по
целата должина со листот на пилата.
– Повторно затегнете го затегнувачкиот лост 43.
– Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на
завртката-граничник 60.
Ако показателот на агли 44 и 33 по подесувањето не е во
една линија со 45°-ознаките на скалата 32 проверете ја
уште еднаш 0°-поставката за аголот на закосување и
показателот на аголот. Потоа повторете го подесувањето
за 45°-аголот на закосување.
Поставување на стандарден агол на закосување 45°
(десно, вертикално)
– Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила 16 до жлебот 25 за 0°. Лостот
22 мора осетно да се вклопи во жлебот.
– Извадете ја левата подеслива шина со граничник 15
(види „Поместување на граничната водилка",
страна 304).
– Извлечете го граничникот 46 сосема нанапред.
– Свртете го десниот граничник 31, додека стандардниот
агол на закосување 45° не се вклопи на ознаката за
стрелка.
– Олабавете го затегнувачкиот лост 43.
– Навалете го кракот на алатот на дршката 8 надесно,
додека завртката-граничник 61 не налегне на
граничникот 31.
Проверете: (види слика V1)
– Поставете го аголното мерило на 135° и ставете го на
масата за пилата 16.
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата
должина со листот на пилата 12.
Поставување: (види слика V2)
– Олабавете ја контра-навртката на завртката-граничник
60 со обичен окаст или вилушкаст клуч (10 mm).
– Завртете ја завртката-граничник навнатре или
нанадвор, додека кракот од агломерот не е рамен по
целата должина со листот на пилата.
– Повторно затегнете го затегнувачкиот лост 43.
– Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на
завртката-граничник 60.
Ако показателот на агли 44 и 33 по подесувањето не е во
една линија со 45°-ознаките на скалата 32 проверете ја
уште еднаш 0°-поставката за аголот на закосување и
показателот на аголот. Потоа повторете го подесувањето
за 45°-аголот на закосување.
1 609 92A 34B | (15.12.16)
Израмнување на скалата за хоризонтален агол на
закосување
– Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила 16 до жлебот 25 за 0°. Лостот
22 мора осетно да се вклопи во жлебот.
Проверете: (види слика W1)
– Поставете агломер на 90° помеѓу граничната водилка
14 и листот на пилата 12 на масата за пилата 16.
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата
должина со листот на пилата 12.
Поставување: (види слика W2)
– Олабавете ги сите завртки за подесување 62 со крстест
одвртувач и свртете ја масата за пила 16 заедно со
скалата 18 додека кракот на аголникот не лежи рамно
по целата должина на листот за пилата.
– Повторно зашрафете ги шрафовите.
Доколку показателот на агли 24 по подесувањето не е во
линија со 0°-ознаката на скалата 18, олабавете ја
завртката 63 со крстест одвртувач и израмнете го
показателот на агли по должина на 0°-ознаката.
Транспорт (види слика X)
Пред транспортот на електричниот апарат мора да ги
извршите следните чекори:
– Олабавете ја завртката за фиксирање 35, доколку
истата е затегната. Извлечете го кракот на алатот
целосно нанапред и повторно затегнете ја завртката за
фиксирање.
– Проверете дали граничникот за длабочина 34 е
притиснат сосема навнатре и завртката за подесување
4 при движењето на кракот на алатот минува низ
отворот без да го допре граничникот за длабочина.
– Подесете го електричниот апарат во транспортна
позиција.
– Отстранете ги деловите на опремата, кои не може
цврсто да се монтираат на електричниот апарат.
Неискористените листови за пила, доколку сакате да ги
транспортирате ставете ги во затворена кутија.
– Врзете го струјниот кабел со самолепливата лента 64.
– Електричниот апарат носете го со транспортната рачка
3 или фатете го за жлебовите за држење 27 странично
на масата за пила.
Електричниот апарат секогаш треба да го носат две
лица, за да се избегнат болките во грбот.
За транспортирање на електричниот апарат,
користете ги секогаш уредите за транспорт, а не
заштитните уреди.
Bosch Power Tools