OBJ_BUCH-2303-005.book Page 303 Thursday, December 15, 2016 11:35 AM
Монтажа со завртка со внатрешна шестоаголна глава
(види слики B1–B4)
Вадење на листот од пилата:
– Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
– Свртете ја завртката со внатрешна шестаголна глава 48
со инбус клуч (5 mm) 36 и истовремено притиснете ја
блокадата на вретеното 47, додека не се вклопи.
– Држете ја притисната блокадата на вретеното 47 и
одвртете го шрафот 48 во правец на стрелките на
часовникот (лев навој!).
– Извадете ја стезната прирабница 49.
– Притиснете го прекинувачот за блокада 9 и навалете ја
осцилаторната заштитна хауба 11 наназад до крај.
– Држете ја осцилаторната заштитна хауба во оваа
позиција и извадете го листот за пилата 12.
– Полека вратете ја осцилаторната заштитна хауба
надолу.
Монтирање на листот за пилата:
Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите
делови што треба да се монтираат.
– Притиснете го прекинувачот за блокада 9, навалете ја
осцилаторната заштитна хауба 11 наназад до крај и
држете ја во оваа позиција.
– Ставете го новиот лист за пила на внатрешната стезна
прирабница 50.
При монтажата, внимавајте правецот на сечење на
запците (правецот на стрелката на листот за пилата)
да се совпаѓа со правецот на стрелката на
заштитната хауба!
– Полека вратете ја осцилаторната заштитна хауба
надолу.
– Поставете ги затегнувачката прирабница 49 и
завртката со внатрешна шестаголна глава 48.
Притиснете ја блокадата на вретеното 47, додека не се
вклопи и затегнете ја завртката во правец спротивен на
стрелките на часовникот.
Монтажа со SDS-завртки (види слика C)
Вадење на листот од пилата:
– Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
– Држете ја блокадата на вретеното 47 притиснете и
одвртете ги SDS-завртките 51 во правец на стрелките
на часовникот (лев навој!).
– Извадете ја стезната прирабница 49.
– Притиснете го прекинувачот за блокада 9 и навалете ја
осцилаторната заштитна хауба 11 наназад до крај.
– Држете ја осцилаторната заштитна хауба во оваа
позиција и извадете го листот за пилата 12.
– Полека вратете ја осцилаторната заштитна хауба
надолу.
Монтирање на листот за пилата:
Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите
делови што треба да се монтираат.
– Притиснете го прекинувачот за блокада 9, навалете ја
осцилаторната заштитна хауба 11 наназад до крај и
држете ја во оваа позиција.
– Ставете го новиот лист за пила на внатрешната стезна
прирабница 50.
Bosch Power Tools
При монтажата, внимавајте правецот на сечење на
запците (правецот на стрелката на листот за пилата)
да се совпаѓа со правецот на стрелката на
заштитната хауба!
– Полека вратете ја осцилаторната заштитна хауба
надолу.
– Поставете ја затегнувачката прирабница 49 и SDS-
завртките 51. Притиснете ја блокадата на вретеното 47
додека не се вклопи и затегнете ги SDS-завртките во
правец спротивен на стрелките на часовникот.
Употреба
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Транспортен осигурувач (види слика D)
Транспортниот осигурувач 39 Ви овозможува лесно
ракување на електричниот апарат при транспорт на
различни места на примена.
Отклучување на електричниот апарат
(работна позиција)
– Притиснете ја рачката на апаратот на дршката 8 надолу,
за да го отклучите транспортниот осигурувач 39.
– Притоа, целосно извлечете го транспортниот
осигурувач на надвор 39.
– Полека водете ја рачката на апаратот нагоре.
Прицврстување на електричниот апарат
(позиција за транспорт)
– Олабавете ја завртката за фиксирање 35, доколку
истата е затегната. Извлечете го кракот на алатот
целосно нанапред и повторно затегнете ја завртката за
фиксирање.
– Завртете ја завртката за подесување 4 сосема нагоре.
– За фиксирање на масата за пила 16 затегнете го
копчето за фиксирање 21.
– Притиснете го прекинувачот за блокада 9 и полека
водете го кракот на алатот со рачката 8 надолу.
– Водете ја рачката на апаратот надолу додека
транспортниот осигурувач 39 може да се притисне
навнатре.
Подготовка за работа
Продолжување на масата за пилата (види слика E)
Долгите делови што се обработуваат мора да се потпрат на
слободниот крај или да се прицврстат.
Масата за пила може да се зголеми на десната и левата
страна со помош на продолжетоците 13.
– Преклопете го затегнувачкиот лост 17 нагоре.
– Извлечете го продолжетокот на масата за пила 13 до
саканата должина.
– За фиксирање на продолжетокот на масата за пила
повторно притиснете го затегнувачкиот лост 17 надолу.
Македонски | 303
1 609 92A 34B | (15.12.16)