Никогаш не го користете електричниот алат без
u
испорачаниот заштитен прекинувач за
диференцијална струја (PRCD).
Пред секој почеток на работата проверете го
u
правилното функционирање на заштитниот
прекинувач за диференцијална струја (PRCD).
Оштетениот заштитен прекинувач за
диференцијална струја (PRCD) нека се поправи или
замени од сервисна служба на Bosch.
Обрнете внимание дека ниту лицата во работниот
u
простор, ниту електричниот алат не доаѓаат во
допир со водата што излегува.
Внимавајте цревата што спроведуваат вода и
u
местата на спојување да бидат во беспрекорна
состојба. Пред следната употреба, заменете ги
оштетените или изабени делови. Излегувањето на
вода од деловите на електричниот алат го зголемува
ризикот од електричен удар.
При работата, држете го електричниот алат цврсто
u
со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со
електричниот алат посигурно ќе управувате ако го
држите со двете дланки.
Почекајте додека електричниот алат сосема не
u
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да
доведе до губење контрола над уредот.
Приклучете го електричниот уред на прописно
u
заземјена струјна мрежа. Приклучницата и
продолжниот кабел мора да имаат функционален
заштитен проводник.
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни
напомени и упатства. Грешките настанати
како резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Наменета употреба
Електричниот алат е наменет за мокро дупчење во бетон
и армиран бетон, со крунести бургии за мокро дупчење и
довод за вода. Не е дозволено таванско дупчење со
водоснабдување.
Електричниот алат е наменет за суво дупчење во цигли,
песочник, гас-бетон и плочки.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Прекинувач за вклучување/исклучување
Bosch Power Tools
(2) Копче за фиксирање на прекинувачот за
вклучување/исклучување
(3) Либела за вертикално израмнување
(4) Либела за хоризонтално израмнување
(5) Пеперутка-завртка за подесување на
дополнителната дршка
(6) Вретено за дупчење
a)
(7) Крунеста бургија
(8) Дополнителна рачка (изолирана површина на
рачката)
(9) Рачка (изолирана површина на рачката)
(10) Канџеста спојка
(11) Прекинувач за избор на брзина
(12) Славина за прекин на вода
(13) Приклучен елемент за славината
(14) Адаптер за приклучокот за вода
(15) Адаптер за всисување
(16) Млазници за всисување
(17) Црево за издувни гасови
(18) Заштитен прекинувач за диференцијална струја
(PRCD)
a) Илустрираната или опишана опрема не е дел од
стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може
да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Дијамантска дупчалка
Број на дел
Номинална јачина
Излезна моќност
Номинален број на вртежи n
0
– 1. брзина
– 2. брзина
Дијаметар на дупчење
– во ѕидни конструкции
оптимално
– во ѕидни конструкции
можно
– во бетон оптимално
– во бетон можно
Прифат на алатот
макс. притисок на
напојувањето со вода
Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014
– без дополнителна рачка
– со дополнителна рачка
Класа на заштита
Податоците важат за номинален напон [U] од 230 V. Овие
податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност
од изведбата во односната земја.
Македонски | 137
a)
a)
GDB 180 WE
3 601 A89 8..
W
2000
W
1340
–1
min
900
–1
min
2800
mm
40−180
mm
0−180
mm
40−150
mm
0−180
1 1/4" UNC
bar
3
kg
5,2
kg
5,5
/I
1 609 92A 4SW | (24.03.2021)