Télécharger Imprimer la page

TCL 501 Guide De Démarrage Rapide page 23

Masquer les pouces Voir aussi pour 501:

Publicité

Општи информации
• Интернет-адреса: tcl.com
• Телефонски број за помош и сервисен центар: Одете на нашата веб-
страница https://www.tcl.com/global/en/support-mobile или отворете ја
апликацијата Центар за поддршка на вашиот уред за да ги најдете
вашиот локален телефонски број за помош и овластениот сервисен
центар за вашата земја.
• Целосен прирачник за корисници: Одете на tcl.com за да го преземете
целосниот прирачник за корисници на вашиот уред.
Н а нашата веб-страница, ќе го најдете нашиот дел за ЧПП (често
поставувани прашања). Можете и да контактирате со нас преку е-пошта
за да поставите какви било прашања кои можеби ги имате.
• Производител: TCL Communication Ltd.
• Адреса: 5/F, Building 22E, 22 Science Park East Avenue, Hong Kong Science
Park, Shatin, NT, Hong Kong
• Патека за електронско означување: Допрете Поставки > Регулатива и
безбедност или притиснете *#07# за да пронајдете повеќе информации
за означувањето
(1)
Ажурирање на софтверот
Трошоците за поврзување поврзани со пронаоѓањето, преземањето и
инсталирањето на ажурирањата на софтверот за оперативниот систем
на вашиот мобилен уред ќе се разликуваат во зависност од понудата
на која сте се претплатиле преку вашиот телекомуникациски оператор.
Ажурирањата ќе се преземат автоматски, но за нивната инсталација ќе
биде потребно вашето одобрување.
Одбивањето или заборавањето да инсталирате ажурирање може да
влијае на перформансите на вашиот уред и, во случај на безбедносно
ажурирање, да го изложи вашиот уред на безбедносни слабости. За повеќе
информации за ажурирањето на софтверот, одете на tcl.com
Изјава за приватност за користење на уредот
Со сите лични податоци што сте ги споделиле со TCL Communication Ltd. ќе
се постапува во согласност со нашето Известување за приватност. Можете
да го проверите нашето Известување за приватност со посета на нашата веб-
страница: https://www.tcl.com/global/en/communication-privacy-policy
Одрекување од одговорност
Може да има одредени разлики помеѓу описот во прирачникот
за корисници и работењето на уредот, во зависност од изданието на
софтверот на вашиот уред или конкретните услуги на операторот. TCL
Communication Ltd. не е законски одговорен за никакви разлики, во случај
да постојат, ниту нивните потенцијални последици, туку одговорноста е на
товар исклучиво на операторот.
Ограничена гаранција
Како потрошувач Вие можете да имате легални (законски) права,
што се додадени на оние утврдени со оваа Ограничена гаранција која
Производителот ја нуди на доброволна основа, како што се законите за
потрошувачи во земјата во којашто Вие живеете („Права на потрошувачи").
Оваа Ограничена гаранција ги утврдува некои одредени ситуации кога
Производителот ќе мора, или нема да мора, да обезбеди лек за TCL
уредот. Оваа Ограничена гаранција не го ограничува или исклучува, ниту
едно од вашите потрошувачки права, што се однесуваат на TCL уредот.
Во зависност од земјата.
(1)
MK
.
21

Publicité

loading