6.3 Одмрзнување на
замрзнувачот
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Никогаш не користете
метални алатки за да го
стругате мразот од
испарувачот, бидејќи може
да го оштетите. Не
користете механички уреди
или какви било други
вештачки средства за
забрзување на процесот на
одмрзнување, освен оние
што се препорачани од
производителот.
Зголемувањето на
температурата на
смрзнатата храна за време
на одмрзнувањето може да
го скрати нејзиниот век на
чување.
Околу 12 часа пред
одмрзнувањето, подесете
пониска температура, за да
се насоберат доволни
резерви студ за прекинот на
работата.
На полиците на замрзнувачот и околу
најгорната преграда секогаш ќе се
формира одредена количина мраз.
Одмрзнете го замрзнувачот кога
слојот мраз ќе достигне дебелина од
околу 3-5 mm.
1. Исклучете го апаратот и извлечете
го приклучникот од ѕидниот
штекер.
2. Извадете ја храната, завиткајте ја
во неколку слоја весник и ставете
ја на студено место.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Не допирајте ги смрзнатите
работи со мокри раце.
Рацете може да се залепат
за смрзнатото.
3. Оставете ја вратата отворена и
вметнете ја пластичната гребалка
во соодветното лежиште во
долниот централен дел, ставајќи
леген одоздола за да ја собира
водата од одмрзнувањето.
За да се забрза одмрзнувањето,
ставете сад со топла вода во комората
за замрзнување. Освен тоа,
отстранете ги парчињата мраз што се
откачуваат пред да заврши
одмрзнувањето.
4. Кога ќе заврши одмрзнувањето,
избришете ја внатрешноста
темелно и чувајте ја гребалката за
идна употреба.
5. Вклучете го апаратот.
После 3 часа вратете ја храната што
претходно ја извадивте во комората за
замрзнување.
6.4 Одмрзнување на
фрижидерот
Сланата автоматски се отстранува од
испарувачот во преградата од
фрижидерот секогаш кога
компресорот ќе престане да работи во
текот на вообичаената употреба.
Водата од одмрзнувањето истекува во
посебен сад од задната страна на
апаратот, над компресорот, од кој што
испарува.
Важно е повремено да се исчисти
дупчето за истекување на водата од
одмрзнувањето на средината на
каналот во преградата на фрижидерот
за да се спречи прелевање на водата
и нејзино капење врз храната внатре.
МАКЕДОНСКИ
53