Télécharger Imprimer la page

Electrolux ENN2901AOW Notice D'utilisation page 49

Publicité

4.3 Показател за температура
За да Ви помогнеме правилно да
управувате со апаратот, вградивме
температурен показател во Вашиот
фрижидер, ставен во најстудената
зона.
Најстудената зона во фрижидерот е
на ниво на пониската стаклена
полица.
Симболот наспроти ја покажува
локацијата на најстудената зона во
Вашиот фрижидер.
Просторот директно над стаклената
полица за фиоката за овошје и
зеленчук е најстудената област во
комората на фрижидерот како што е
прикажано на полицата или на
стикерот на ѕидот на Вашиот апарат.
За правилно чување на храната во
Вашиот фрижидер и посебно во
најстудената област, осигурете се
дека температурниот показател
прикажува „ОК".
OK
Ако „ОК" не е прикажано, просечната
температура во областа е многу
висока. Наместете го контролорот за
температура на поладна поставка.
Заради тоа што приказот „ОК" е во
црна боја, тешко е да се види дали
температурниот показател е слабо
осветлен. Точното осветлување го
олеснува читањето.
Секогаш кога контролорот за
температура е наместен, почекајте
внатрешната температура во апаратот
да се стабилизира пред да проверите
дали е потребна друга поставка.
Местете го контролот постепеано и
почекајте најмалку 12 часа пред да
проверите и можеби повторно да го
наместите.
Откако ќе ја ставите свежата
храна во апаратот или
после отворање на вратата
повеќе пати подолго време,
нормално е показателот да
не покажува „ОК"; почекајте
најмалку 12 часа пред
повторно поставување на
контролорот на
температура.
Ако испаравучот на комората на
фрижидерот (ѕидот на долниот дел од
апаратот) има необична покривка од
мраз (апаратот е многу полн, има
висока околна температура,
термостатот е многу висок, вратата се
отвора многу често), постепено
намалувајте го контролот на
термостатот на пониска поставка се
додека нема пак повеќе периоди кога
компресорот запира. Автоматското
одмрзнување на комората на
фрижидерот нема да работи правилно
ако компресорот не запира од време
на време.
4.4 Одмрзнување
Длабоко смрзнатата и смрзнатата
храна, пред да се употреби, може да
се одмрзне во преградата на
фрижидерот или на собна
температура, зависно од времето
достапно за оваа постапка.
Малите парчиња може дури и да се
готват смрзнати, директно од
замрзнувачот: во тој случај, готвењето
ќе трае подолго.
4.5 Правење коцки мраз
Апаратот е опремен со еден или
повеќе садови за правење коцки мраз.
МАКЕДОНСКИ
49

Publicité

loading