• Слаб звук на чкрипење од
регулаторот на температура кога
компресорот се вклучува или
исклучува.
5.2 Совети за штедење
енергија
• Не отворајте ја вратата често и не
оставајте ја отворена подолго
отколку што е неопходно.
• Доколку околната температура е
висока, регулаторот за температура
е на најголемата поставка и
апаратот е целосно наполнет,
компресорот може да работи
непрестано, што ќе предизвика
формирање мраз на испарувачот.
Ако се случи тоа, свртете го
регулаторот за температура кон
помалите вредности за да
овозможите автоматско
одмрзнување, со што ќе заштедите
и електрична енергија.
• Ако е предвидено, не вадете ги
патроните за ладење од корпата на
замрзнувачот.
5.3 Совети за ладење свежа
храна
За да добиете најдобри перформанси:
• не ставајте топла храна или
течности што испаруваат во
фрижидерот
• покривајте ја или виткајте ја
храната, особено ако има посилен
вкус
• ставајте ја храната така што
воздухот може да кружи слободно
околу неа
5.4 Совети за ладење
Корисни совети:
• Месо (сите видови): виткајте го во
пластични ќесички и ставајте го на
стаклената полица над фиоката за
зеленчук.
• Најбезбедно е да го чувате на овој
начин само еден или најмногу два
дена.
• Зготвена храна, ладни јадења и
сл... тие треба да се покриени и
може да се стават на која било
полица.
• Овошје и зеленчук: тие треба да се
убаво измиени и ставени во
специјалните фиоки за нив.
• Путер и сирење: тие треба да се во
посебните херметички садови или
завиткани во алуминиумска фолија
или пластични ќесички за да се
спречи допирот со воздух.
• Шишиња: тие треба да имаат
капаче и да се ставаатнана вратата
со полица за шишиња.
• Бананите, компирите, кромидот и
лукот, ако не се спакувани, не
смеат да се чуваат во фрижидер.
5.5 Совети за смрзнување
За најдобро користење на
смрзнувањето, еве неколку важни
совети:
• максималната количина на храна
којашто може да биде смрзната во
рок од 24 часа е прикажана на
налепницата;
• смрзнувањето трае 24 часа. Не
треба да се додава храна за
смрзнување во тој период;
• смрзнувајте само квалитетна,
свежа и убаво измиена храна;
• поделете ја храната во мали
порции за да може брзо и целосно
да се смрзне и за да овозможите
одмрзнување само на потребните
количества;
• завиткајте ја храната во
алуминиумска или пластична
фолија убаво и стегнато;
• не дозволувајте свежата
несмрзната храна да ја допира
храната што е веќе смрзната, за да
не ја загреете вторава;
• посната храна се чува подобро и
подолго од мрсната; солта го
намалува жувотот на смрзната
храна;
• водениот мраз, ако се конзумира
веднаш по вадењето од преградата
на замрзнувачот, може да
предизвика смрзнатици на кожата;
• препорачливо е да се запише
датумот на смрзнување на секое
пакување за да можете да водите
сметка за времето на смрзнатост.
МАКЕДОНСКИ
51