Télécharger Imprimer la page

Electrolux ENN2901AOW Notice D'utilisation page 48

Publicité

48
www.electrolux.com
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ако околната температура е
висока или апаратот е
целосно наполнет, а
апаратот е поставен на
најниската температура,
може да работи без прекин
што ќе предизвика
формирање мраз на
задниот ѕид. Во тој случај,
тркалцето мора да се
постави на повисока
температура за да се
овозможи автоматско
одмрзнување, а со тоа и
помала потрошувачка на
енергија.
4. СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
4.1 Замрзнување на свежа
храна
Преградата за замрзнување е погодна
за замрзнување на свежа храна и за
долгорочно чување на замрзната и
длабоко замрзната храна.
За да смрзнувате свежа храна, не е
неопходно да ја менувате средната
поставка.
Меѓутоа, за побрзо смрзнување,
свртете го регулаторот на
температурата кон поголемата
поставка за да постигнете максимално
ладење.
Во оваа состојба,
температурата на
преградата на фрижидерот
може да падне под 0°C. Ако
се случи тоа, поставете го
регулаторот на
температурата на поставка
за повисока температура.
Свежата храна којашто треба да се
замрзне ставете ја во во горната
преграда.
Максималната количина на храна што
може да се замрзне за 24 часа е
наведена на плочката со
спецификации, етикета која се наоѓа
во внатрешноста на апаратот.
Замрзнувањето трае 24 часа: во текот
на овој период не требa да додавате
друга храна за замрзнување.
4.2 Чување на замрзната
храна
По првото вклучување или по извесен
период некористење, пред да ставите
производи во комората, оставете
апаратот да работи барем 2 часа на
најголемата поставка.
Во случај на случајно
одмрзнување, на пример
при прекин на снабдувањето
со електрична струја, ако
струјата била исклучена
подолг период од вредноста
прикажана во табелата со
технички карактеристики
под „време на подигање",
одмрзнатата храна мора да
биде брзо конзумирана или
веднаш зготвена и потоа
повторно замрзната (откако
ќе се излади).

Publicité

loading