Télécharger Imprimer la page

Skil 4281AD Notice Originale page 90

Publicité

• Некои видови на прашина се канцерогени (како на
пример прашината од даб или бука), особено заедно
со адитиви за одржување на дрвото; носете маска
за прашина и работете со правосмукалки
доколку можете да ги поврзете
• Следете ги процедурите на вашата земја за
прашината која се јавува како резултат од
материјалите со кои работите
• Продолжениот кабел кој го користите, мора да биде
сосема одмотан и безбеден, со капацитет од 16 А
• Обезбедете се алатот да е исклучен од струја
пред да вршите било какво подесување или
замена на приборот
ПРЕД УПОТРЕБА
• Пред да почнете со сечење, отстранете ги сите
пречки на и под местото каде сечете
• Избегнувајте оштетувања од штрафови, шајки и
други предмети во местото каде работите; тргнете ги
пред да почнете со работа
• Зацврстете го материјалот кој го обработувате
(обработка која е зацврстена со стеги или во
менгеме е побезбедна отколку да ја држите со раце)
ВО ТЕКОТ НА УПОТРЕБАТА
• Фаќајте го електричниот алат само со изолирани
фаќалки, доколку изведувате работи, кај приборот
може да се сретнат скриени струјни водови или
сопствениот мрежен кабел (контакт со вод кој
спроведува напон ги става и металните делови на
електричниот алат под напон и доведува до
електричен удар)
• Кабелот секогаш држете го подалеку од деловите на
алатот кои се движат; кабелот држете го на задната
страна, на страна од алатот
• Ако кабелот се оштети или пресече за време на
работата, веднаш исклучете го и не го допирајте
• Никогаш не користете алат ако кабелот е оштетен;
замената на кабелот мора да ја изврши стручно лице
• Во случај да дојде до електричен или механички
дфект, веднаш исклучете го алатот и исклучете го од
приклучокот
• Држете ги рацете подалеку од сечивото кога
работите со електричен алат
ПРИБОР
• SKIL може да признае гаранција само доколку е
користен оригинален прибор
• Не користете сечиво што е напукнато, деформирано
или тапо
КОРИСТЕЊЕ НА ОТВОРЕНО
• Кога го користите на отворено, поврзете го алатот
преку осигурувач за струја (FI) за погрешно
напојување во струја за прекинување со максимум
30 mA и користете продолжен кабел којшто е
наменет за употреба на отворено и опремен со
водоотпорен приклучок
ПО УПОТРЕБА
• Кога ќе ја завршите работата со алатот, исклучете го
моторот и проверете дали сите подвижни делови се
застанати
УПОТРЕБА
• Вклучено/Исклучено 4
• Блокирање на прекинувачот за постојано дупчење 5
• Промена на сечивото 6
! уфрлете го сечивото до полна длабочина со
запците свртени нанапред 7
• Дупчење на 15 / 30 / 45 степени 8
• Местење на брзината на сечење во зависност од
материјалот што се користи 9 (4281)
! ако алатот не работи со тркалцето C во
позиција 1, изберете поголема брзина на
сечење и полека намалувајте ја брзината
додека работи алатот
• Смукалка за прашина 0a
! не користете правосмукалката кога сечете метал
• Отпрашувач 0b
• Работа со алатот
- пред да го вклучите моторот проверете дали
предниот дел на работната плоча е поставен
рамно на работното место
- цврсто држете ја машината со двете раце за да
имате постојано целосна контрола врз неа
! додека работите, секогаш држете го алатот за
местото (местата) кое (кои) се означени со
сива боја !
- уверете се дека целата површина на работната
плоча лежи цврсто на работното место
! пред да го подигнете електричниот алат од
местото каде се работи, проверете дали е
дојдено до целосен прекин на работата на
сечилото
- отворите за ладење D 2 држете ги отворени
• Стега за кабелот @
СОВЕТИ ЗА ПРИМЕНА
• Користете соодветни сечила #
! алатот ги прифаќа повеќето достапни сечила
со крак од типот Т и типот U $
• Кога сечете метал ставете сечиво подмачкано со масло
• За кое било прецизно право сечење, поставете го
алатот со работната плоча потпрена на водилка (на
пр. парче право дрво) %
• Пред да исечете отвор направете дупка ^
• Сечење без поткршени рабови
- прекријте ја линијата на сечењето со повеќеслојни
или широки ленти пред да почнете со сечењето
- лицето на материјалот е свртено надолу на
работното место
• Многу други совети можете да најдете на
www.skil.com
ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ
• Овој алат не е наменет за професионална употреба
• Алатот и кабелот секогаш да се одржуваат чисти
(особено отворите за ладење D 2)
! пред чистење извадете го алатот од
приклучокот
• Доколку алатот и покрај внимателното работење и
контрола некогаш откаже, поправката мора да ја
изврши некој овластен SKIL сервис за електрични алати
- во случај на примедба, испратете го алатот
нерасклопен, заедно со сметкопотврдата, до
вашиот продавач или најблискиот SKIL сервис
(адресите се наведени на www.skil.com)
89

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

41814281F0154181F0154281