релативна влажност на воздухот меѓу 20 и 90 % без
кондензација.
Конфигурација на електричниот алат
Со помош на софтверот BOSCH EXACT Configurator од
верзија 5.2 и понова, на електричниот алат може да се
конфигурираат различни поставки (на пр. број на
вртежи, степени на завртување, заштита од
рестартирање). Тогаш електричниот алат мора да се
поврзе преку USB-интерфејс со PC. Користете USB-
кабел:
USB 2.0 Тип A/Micro-USB 2.0 Тип B
– Двојно заштитен
– Макс. должина 1 m
При конфигурирање преку USB-интерфејс, може да се
појават радио пречки надвор од индустриското
опкружување.
Притоа внимавајте на сите безбедносни напомени и
u
инструкции во упатството за употреба на софтверот.
Промена на алат (види слика A)
При ставањето на алатот за вметнување,
u
внимавајте на тоа тој да лежи цврсто во прифатот
за алат. Доколку алатот за вметнување не е цврсто
поврзан со прифатот на алат, може да се олабави и да
се случи да не може да се контролира.
Ставање на алатот за вметнување
Користете само алати за вметнување со соодветен крај за
вметнување (1/4"-шестаголна глава).
– Извлечете ја чаурата на брзозатегнувачката глава (9)
нанапред.
– Ставете во алатот за вметнување (11) во прифатот за
алат (10) и повторно олабавете ја брзозатегнувачката
глава.
Вадење на алатот за вметнување
– Извлечете ја чаурата на брзозатегнувачката глава (9)
нанапред.
– Извадете го алатот за вметнување (11) од прифатот за
алат (10) и повторно олабавете ја брзозатегнувачката
глава.
Употреба
Доколку сакате да го стартувате електричниот алат,
најпрво треба да го подесите правецот на вртење со
прекинувачот за правец на вртење (5):
Електричниот алат ќе стартува, доколку прекинувачот за
правец на вртење (5) не стои во средината (блокада при
вклучување).
Подесување на правецот на вртење (види
слика B)
– Десен тек: За дупчење и завртување притиснете го
прекинувачот за менување на правец на вртење (5) на
лево до крај.
Bosch Power Tools
– Лев тек: За олабавување одн. одвртување на завртки
притиснете го прекинувачот за менување на правецот
на вртење (5) на десно до крај.
Подесување на вртежниот момент (види
слика C)
Вртежниот момент зависи од преднапонот на пружината
на исклучната спојка. Исклучната спојка се отпушта
веднаш штом се постигне поставениот вртежен момент
како во десен, така и во лев тек.
За подесување на индивидуалниот вртежен момент,
користете го само алатот за поставување (12) што е
испорачан со уредот.
– Вртете го капакот за спојката (1) додека не се
поклопат двата отвори.
– Вметнете го алатот за поставување (12) во малата
испакнатина (плочка за подесување (13)) на спојката
и завртете го (12).
Вртењето во правец на стрелките на часовникот создава
висок вртежен момент, а вртењето во правец спротивен
од стрелките на часовникот создава помал вртежен
момент.
– Извадете го алатот за поставување (12). Вртете го
капакот за спојката (1) додека не се затвори отворот,
за да се заштити спојката од нечистотија.
Напомена: Потребната поставка зависи од видот на
сврзувањето и најдобро може да се одреди со практичен
обид. Проверете го завртувањето со клуч за вртежен
момент.
Вртежниот момент поставете го само во
u
наведените граници на јачина, инаку нема да
одговара на спојката за исклучување.
Редовно проверувајте го вртежниот момент на
u
прицврстувачот и повторно прилагодете ја спојката
за исклучување доколку е потребно.
Вклучување/исклучување
Одвртувачите имаат спојка за
исклучување која зависи од вртежниот
момент и се подесува во дадените граници.
Таа реагира доколку се постигне подесениот
вртежен момент.
– За вклучување на електричниот алат, притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (8) докрај.
– Електричниот алат автоматски се исклучува, штом се
постигне подесениот вртежен момент.
При предвремено отпуштање на прекинувачот за
u
вклучување/исклучување (8) претходно
подесениот вртежен момент нема да се постигне.
Редовно проверувајте го вртежниот момент на
u
прицврстувачот и повторно прилагодете ја спојката
за исклучување доколку е потребно.
Македонски | 163
1 609 92A 9SK | (09.08.2024)