164 | Македонски
Заштита од преоптоварување во зависност од
температурата
При преоптоварување, електричниот алат се блокира,
додека не се постигне повторно оптималната
температура. Отпуштете го прекинувачот за вклучување/
исклучување (8) и повторно вклучете го електричниот
алат, за да може да продолжите да работите.
Електричниот алат не работи со оптимална ефикасност
под 50 % број на вртежи. Ова може да предизвика
порано активирање на заштитата од преоптоварување на
температурата. Доколку има проблеми со овие поставки,
конфигурирајте ја излезната брзина над 50 % или
намалете го максималниот искористен вртежен момент.
Совети при работењето
Електричниот алат ставете го на навртката/
u
завртката само доколку е исклучен. Доколку алатите
што се вметнуваат се вклучени и се вртат, тие може да
се превртат.
Приказ за завртувања (зелена/црвена LED светилка)
Со постигнување на претходно поставениот вртежен
момент, спојката за исклучување се отпушта. LED-
приказот (3) свети зелено.
Доколку претходно поставениот вртежен момент не се
постигне, LED-приказот (3) свети црвено и се слуша
звучен сигнал. Завртувањето на спојниците мора да се
изведе уште еднаш.
Заштита од рестартирање
Доколку при завртувањето на спојниците се активира
спојката за исклучување, моторот се исклучува.
Повторното вклучување е возможно дури по 0,7 секунди
пауза. Притоа се избегнува невнимателно зацврстување
на веќе фиксираните спојници.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред секое работење на електричниот алат (на пр.
u
одржување, промена на алатот итн.) извадете ја
батеријата од електричниот алат. При невнимателно
притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување постои опасност од повреди.
Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и
u
отворите за проветрување, за да може добро и
безбедно да работите.
Проверете го електричниот алат за оштетување и
u
абење најдоцна на секои 100000 завртувања и
проверете ги сите функции. Потоа повторно
поставете го вртежниот момент на спојката.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлодирани цртежи и
информации за резервни делови може да се најдат и на:
1 609 92A 9SK | (09.08.2024)
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе Ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Д.П.Т.У "РОЈКА"
Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69
1000 Скопје
Е-пошта: servisrojka@yahoo.com
Тел: +389 2 3174-303
Моб: +389 70 388-520, -530
Дополнителни адреси за сервиси може да се најдат
на:
www.bosch-pt.com/serviceaddresses
Транспорт
Препорачаните Литиум-јонски батерии подлежат на
барањата во Законот за опасни материјали. Батериите
може да се транспортираат само од страна на
корисникот, без потреба од дополнителни
квалификации.
При испорака преку трети лица (на пр.: При пренос на
истите од страна на трети лица воздушен транспорт или
шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните
напомени за пакување и означување со етикети. Во таков
случај, при подготовката на пратката мора да се повика
експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е
неоштетено. Залепете ги отворените контакти и
спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се
движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на
евентуалните дополнителни национални прописи.
Отстранување
Електричните апарати, батериите, опремата
и амбалажите треба да се отстранат на
еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте електричните апарати и
батериите во домашната канта за ѓубре!
Само за земјите од ЕУ:
Електричните алати кои повеќе не се употребливи и
неисправни или користени акумулаторски батерии/
Bosch Power Tools