Télécharger Imprimer la page

Philips LivingColors 69166 Serie Mode D'emploi page 107

Publicité

Важно:
- Внимателно извадете ги деловите од
пакувањето.
- Проверете дали се ставени сите елементи.
Ова упатство ќе ви помогне при...
1.
Започнување со употреба
2.
Создавање сопствен амбиент со помош
на LivingColors
3.
Поврзување на LivingColors со други Philips
LivingAmbiance производи
4.
Одговор на често поставуваните прашања
5.
Добивање дополнителна поддршка
1.
На почеток:
-
Отворете го одделот за батерии на
далечинскиот управувач со повлекување
на копчето на задната страна. Вметнете 3
AAA батерии (+ и – како што е покажано).
-
Поставете го LivingColors производот на
саканото место на рамна и стабилна
подлога.
-
Насочете го LivingColors кон ѕидот
(оптималното растојание е 50cm),
вметнете го приклучокот за поврзување
во светилката и потоа приклучете го во
штекер на ѕид.
2.
Создадете сопствен амбиент со помош
на:
-
Допирање на саканата боја на тркалцето
за боја. Можете да го движите прстот по
тркалцето за боја за да ја прилагодите
бојата.
-
Менување на заситеноста на бојата
(додавање повеќе бела боја кон
тековната боја). Притиснете го копчето
за зголемување на заситеност
за подлабока боја или копчето
за намалување на заситеност за
попастелна. Доколку продолжите со
притиснување на копчето за намалување
на заситеност, на крај ќе добиете бела
боја.
-
Придушување. Засилете или намалете го
интензитетот на светлината со помош на
копчињата за придушување.
All manuals and user guides at all-guides.com
-
Овозможување автоматско менување
на боите. Повлечете со прстот околу
тркалцето за боја (еден полн круг) и
кратко притиснете на "I" ("Вклучено");
LivingColors ќе премине во режим
на автоматско менување на боите:
светилката ќе започне автоматски да ги
менува боите.
Можете да ја прилагодите брзината со
која се менуваат боите. Брзината може
да се прилагоди во насока на движењето
на стрелките на часовникот, од побрзо
(темно сина боја на тркалцето за боја)
кон побавно (виолетова боја). Можете
да допрете каде било на тркалцето за
боја. Додека сте во режим на автоматско
менување на боите, исто така можете
да ги прилагодите заситеноста и
осветленоста на боите.
За да се вратите во режим на
непроменливи бои, повторно повлечете
со прстот околу тркалцето за боја и потоа
притиснете "0". Алтернативно, можете да
го исклучите LivingColors на "0" и повторно
да го вклучите на "I".
-
Ако ви се допадне одредено поставување
на светлината (на пример, црвена
светлина со мало придушување), можете
да ја зачувате оваа сцена за лесно
повикување: притиснете и задржете на
едно од копчињата за сцена, сè додека
далечинскиот управувач не емитува
звучен сигнал. Вашата сцена сега е
зачувана под копчето за сцена кое сте
го притиснале. На овој начин исто така
можете да зачувате одредена брзина
на режимот за автоматско менување на
боите.
Можете да продолжите со прилагодување
на светилките по ваша желба. Кога ќе
сакате да се вратите на некоја зачувана
сцена, само притиснете го копчето
за сцена кое сте го притиснале при
зачувувањето. Тоа копче за сцена
накратко ќе засвети за да покаже дека
сцената е избрана, и LivingColors ќе ги
добие зачуваните параметри.
Можете да зачувате до 3 сцени (по една
за секое копче за сцена).
107

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

Livingcolors 6916665pu