Télécharger Imprimer la page

Philips LivingColors 69166 Serie Mode D'emploi page 109

Publicité

звук. Управувачите сега се поврзани – ова
значи дека сега можете да ги поврзете
истите лампи со новиот далечински
управувач и да ги контролирате сите
лампи со кој било од двата управувачи.
c.
Ако далечинскиот управувач кој сакате
да го додадете е тркалезен, отсега
исто така можете и да го копирате: тој
веднаш ќе биде поврзан со истите лампи
со кој е поврзан и вашиот оригинален
управувач. За да извршите копирање на
далечинскиот управувач, повторете ја
постапката опишана во точка b.
Откако ќе поврзете една или повеќе
лампи со вашиот Philips LivingColors
далечински управувач, ќе можете да
ги контролирате сите овие лампи
истовремено или секоја лампа
поединечно.
За да контролирате одделна лампа,
потребно е да ја изберете (обрнете
внимание дека за LivingColors бела
светилка и светилка во боја, белата
светилка и светилката во боја треба
да се изберат одделно). Ова можете
да го направите со помош на едно
од копчињата за избор на светилка.
Кога ќе притиснете и задржите едно
од копчињата за избор на светилка,
избраната лампа ќе започне да трепка.
Ако тоа не е лампата која сакате да ја
прилагодите, отпуштете го копчето и
повторно притиснете го – друга лампа
ќе започне да трепка. Кога лампата ќе
биде избрана, индикаторот за избор на
светилка на далечинскиото управувач
(сијаличка) ќе засвети. Тоа значи дека
сега можете да ја прилагодувате само
избраната лампа.
Кога не е избрана светилка
(индикаторот за избор на светилка
е исклучен), сите ваши прилагодувања
ќе важат за сите светилки поврзани на
далечинскиот управувач (на пример,
можете да ги придушите сите светилки во
собата).
Ако ви се допадне одредена комбинација
на светлосните поставки на различни
светилки, исто така можете да ја зачувате
како сцена – на ист начин како што е
опишано во делот 2 од ова упатство.
All manuals and user guides at all-guides.com
4.
Често поставувани прашања
Што да направите ако...
LivingColors не емитува светлина
o
Проверете ги местата на поврзување
на кабелот со лампата. Проверете дали
приклучокот е правилно вметнат во
штекерот.
o
Извадете го кабелот за напојување и
повторно приклучете го. Ако LivingColors
промени неколку бои и потоа се исклучи,
употребете го далечинскиот управувач за
да извршите повторно вклучување.
LivingColors не реагира на далечинскиот
управувач
o
Проверете ги батериите во далечинскиот
управувач. Батериите треба да бидат
правилно поставени (+ и -) и треба да
бидат полни. Ако далечинскиот управувач
сè уште не работи, обидете се да ги
замените батериите.
o
Поврзете го далечинскиот управувач
со LivingColors следејќи ја постапката
опишана во делот 3.1 од ова упатство.
Копчињата трепкаат по употребата на
далечинскиот управувач
o
Ова значи дека батериите во
далечинскиот управувач се (речиси)
празни и треба да се заменат.
Не можам да го активирам режимот на
автоматско менување на боите
o
Можно е далечинскиот управувач да не
го препознал вашето "повлекување" со
прстот. Обидете се повторно, внимавајќи
вашиот прст постојано да го допира
тркалцето за боја за време на кружното
движење
Би сакал да ја поврзам LivingColors
лампата на тајмер. Дали ова е можно?
o
Да. Можете да ги користите Philips
LivingColors лампите со тајмер (не е
вклучен). Кога ќе бидат вклучени со
тајмер, LivingColors лампите ќе го добијат
последното поставување (непроменлива
боја или режим на автоматско менување
на боите). Внимавајте последното
поставување да не биде "исклучено".
Не можам да поврзам дополнителни
лампи со далечинскиот управувач од
LivingColors
109

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

Livingcolors 6916665pu