Télécharger Imprimer la page

Electrolux EIS62453 Notice D'utilisation page 276

Publicité

8. ПОМОШ И СОВЕТИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за заштита и
сигурност.
8.1 Садови за готвење
За индуктивни рингли, силно
електромагнетно поле ја создава
топлината во садовите за готвење
многу брзо.
Користете ги индуктивните рингли со
соодветни садови за готвење.
• За да се спречи прегревање и да се
подобри работата на ринглите,
садовите за готвење мора да бидат што
е можно подебели и рамни.
• Осигурете се дека дното на садовите за
готвење се чисти и суви пред да ги
ставите на површината на плочата за
готвење.
• Секогаш внимавајте да не го лизгате
или триете садот за готвење на
рабовите и аглите на стаклото бидејќи
може да се скрши или оштети
стаклената површина.
Материјал на садовите за готвење
• погоден: лиено железо, челик,
емајлиран челик, челик што не `рѓосува,
повеќеслојно дно (означено како
погодно од производителот).
• непогоден: алуминиум, бакар, бронза,
стакло, керамика, порцелан.
Садовите за готвење се погодни за
индуктивната плоча за готвење ако:
• водата врие многу брзо на рингла
поставена на највисоката поставка за
јачина на топлината.
• магнет се привлекува на дното на садот
за готвење.
Димензии на садовите за готвење
• Индуктивните рингли автоматски се
прилагодуваат на димензиите на дното
на садот за готвење. Ставете го садот
за готвење директно во центарот на
одбраната рингла.
276
МАКЕДОНСКИ
• Ефикасноста на ринглата е поврзана со
дијаметарот на садот за готвење. За да
обезбедите оптимален пренос на
топлина користете сад за готвење со
дијаметар сличен на големината на
соодветната рингла, не поголем и не
помал од препорачаниот. За да го
проверите препорачаниот дијаметар на
садот за готвење, проверете во
„Технички податоци" > „Спецификација
за рингли".
– Садот за готвење со дијаметар
којшто е помал од минималниот
добива само дел од енергијата
којашто ја испушта ринглата што
резултира со побавно загревање.
– Заради безбедносни причини и за
постигнување оптимални резултати
од готвењето, не користете садови
за готвење поголеми од наведеното
во „Спецификации на ринглите".
Избегнувајте да ги држите садовите
за готвење во близина на
контролната плоча во текот на
готвењето. Тоа може да влијае на
функционирањето на контролната
плоча или ненамерно да ги вклучи
функциите на површината за
готвење.
Видете во „Технички податоци".
8.2 Звуци за време на работата
Ако слушнете:
• звук на пукање: садот за готвење е
направен од различни материјали
(сендвич конструкција).
• звук на свиркање: ја користите ринглата
на голема јачина и садовите за готвење
се направени од различни материјали
(сендвич конструкција).
• ѕунење: користите високо енергетско
ниво.
• кликање: се појавува електрично
префрлување.
• пиштење, брмчење: вентилаторот
работи.

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

Kis62453i