РАБОТЕЊЕ
Напомени за работењето
• Корисниците треба да имаат предвид дека
може да се формира мраз ако вратата не е
целосно затворена, ако влажноста е многу
висока во текот на летото или ако вратата
на замрзнувачот се отвора многу често.
• Погрижете се да има доволно простор меѓу
храната што се чува на полицата и корпата
на вратата за да овозможите вратата
целосно да се затвора.
• Ако ја оставате вратата отворена на
подолги периоди, тоа може да предизвика
значително покачување на температурата
во преградите на уредот.
• Ако ладилникот е празен подолг период,
исклучете го, одмрзнете го мразот,
исчистете го, исушете го и оставете ја
вратата отворена за да не се создаде мувла.
Предлози за заштеда на
енергија
• Погрижете се да има доволно простор меѓу
храната што се чува. Ова овозможува
ладниот воздух да циркулира рамномерно,
а со тоа и сметките за струја да бидат пониски.
• Топлата храна може да ја ставите во
фрижидер, само откако ќе се излади, за да
спречите формирање роса или мраз.
• Кога чувате некаков уред во замрзнувачот,
поставете ја температурата на
замрзнувачот пониска од температурата
наведена на храната.
• Не ставајте храна во близина на сензорот
за температура на фрижидерот.
Растојанието од сензорите треба да биде
минимум 3 cm.
• Имајте предвид дека покачување на
температурата по одмрзнување има
дозволен опсег којшто е наведен во
спецификациите. Ако сакате да го
минимизирате влијанието што ова може да
го има врз чувањето храна поради
покачување на температурата, запечатете
ја или врзете ја ќесата `со храна во неколку
слоеви.
Системот за автоматско одмрзнување во
•
апаратот, осигурува дека одделот ќе остане
без создавање на мраз, во нормални
работни услови.
•
За најефикасна искористеност на енергијата,
нека бидат сите внатрешни делови (на
пример, корпите, фиоките и полиците) на
своите оригинални позиции.
• Не поставувајте ја температурата на уредот
пониско од потребното.
Ефикасно чување храна
• Замрзнатата или оладената храна чувајте
ја во затворени садови.
• Проверете го рокот на траење и етикетата
(упатства за чување) пред да ја ставите
храната во апаратот.
• Не чувајте храна долг период (подолго од 4
недели), ако лесно се расипува при ниска
температура.
• Ставете ја оладената или замрзнатата
храна во фрижидерот или замрзнувачот
веднаш по купувањето.Избегнувајте
повторно замрзнување на храна која е
целосно одмрзната. Повторното
замрзнување на каква било храна што е
целосно одмрзната ќе го влоши нејзиниот
вкус и хранлива вредност.
•
Чувајте го свежото месо и риба во
соодветнисадови во фрижидерот за да не
дојдат во контакт или да капат врз друга
храна.
• Не чувајте зеленчук завиткан во весник.
Печатен материјал како весник или други
надворешни супстанции може да ја
контаминираат и расипат храната.
• Не преполнувајте го уредот. Студениот
воздух не може да циркулира правилно ако
замрзнувачот е преполнет.
• Ако подесите многу ниска температура,
храната може да замрзне. Не подесувајте
температура пониска од потребната
температура за правилно чување на
храната.
•
За повеќе простор, можете да ја
отстраните полицата за шишиња, за јајца,
за мраз и фиоката за свежа храна.
•
Храната може да се замрзне или да се
расипе ако се чува на погрешна
температура. Поставете температура
во фрижидерот којашто е правилна за
храната што се чува во него.
Максимален капацитет на
замрзнување
• Функцијата Express Freeze овозможува
замрзнувачот да биде поставен на
максимален капацитет за замрзнување.
Функцијата е обично активна 24 часа, а
потоа автоматски се исклучува.
• Доколку сакате да го искористите
максималниот капацитет на замрзнување,
функцијата Express Freeze мора да е
вклучена седум часа, а потоа свежите
производи може да ги ставите во
преградата за замрзнување.
MK
12