Télécharger Imprimer la page

LG GBP62PZNAC Manuel Du Propriétaire page 268

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 159
•Никогаш не исклучувајте го апаратот од струја со влечење на
кабелот за струја. Секогаш цврсто фаќајте го приклучокот за
струја и повлечете го во обратна насока од штекерот.
•Не прскајте вода или запалливи материи (паста за заби,
алкохол, разредувач, бензин, запалливи течности, средства за
полирање итн.) над внатрешната или надворешната страна на
апаратот, за да го исчистите.
•Не чистете го апаратот со четки, крпи или сунѓери со груби
површини или коишто се изработени од метален материјал.
•Само квалификуван персонал за сервисирање од Центарот за
сервис на LG Electronics смее да го расклопува, поправа или
модифицира апаратот. Стапете во контакт со Центарот за
информации за клиенти на LG Electronics ако го преместувате
или монтирате апаратот на друга локација.
•Не користете фен за сушење коса за да ја исушите
внатрешноста на апаратот и на ставајте свеќа во
внатрешноста за да ги отстраните миризбите.
•Не користете механички уреди или други средства за да го
забрзате процесот на одмрзнување.
Фрлање
•При фрлање на апаратот, извадете ја заптивката од вратата, а
оставете ги внатре полиците и корпите, и држете ги децата
понастрана од апаратот.
•Отстранете ги сите материјали за пакување (како на пример,
пластични кеси и стиропор) подалеку од децата. Материјалите
од пакувањето може да предизвикаат задушување.
Техничка безбедност
•Отворите за вентилација во просторот каде што е сместен
апаратот или во мебелот во кој е вграден не смеат да содржат
никакви препреки.
•Не користете електрични апарати во фрижидерот.
•Средството за ладење и гасот за изолација што се користат
во апаратот треба да се фрлат според посебно пропишани
процедури. Консултирајте се со сервисер или слично
квалификувано лице пред да ги фрлите.
•Средство за ладење што избива во млаз од цевките може да
се запали или да предизвика експлозија.
7
MK

Publicité

loading