Télécharger Imprimer la page

Philips sonicare HX9992/42 Mode D'emploi page 563

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 138
-
Ако пастата за заби содржи пероксид, сода
бикарбона или бикарбонат (вообичаено за
пастите за белење заби), темелно чистете ја
четката со сапун и вода по секоја употреба. Ова
спречува можно напукнување на пластиката.
-
Избегнувајте директен контакт со производи што
содржат есенцијални масла или кокосово масло.
Контактот може да доведе до вадење на влакната.
-
За полнење на батеријата, користете го само
ѕидниот USB-адаптер, основата за полнење и
кутијата за патување за полнење дадени со
производот: WAA1001, WAA2001, HX9200 или
HX9200/B и TCC1001, TCC2001, TCC3001, CBB1001
или CBB2001. Не користете продолжен кабел.
-
Полнете го, користете го и чувајте го производот
на температура помеѓу 0 °C и 40 °C.
-
Чувајте ги производот и батериите подалеку од
оган и немојте да ги изложувате на директна
сончева светлина или високи температури.
-
Ако производот се загрее премногу или почне да
мириса, ја промени бојата или ако полнењето трае
подолго од вообичаено, престанете со
користењето и полнењето на производот и
контактирајте со Philips.
-
Не ставајте ги производите и нивните батерии во
микробранови печки или на индукциски шпорети.
-
Немојте да го отворате, изменувате, продупчувате,
оштетувате или расклопувате производот или
батеријата за да спречите батериите да се
загреваат или да испуштаат токсични или опасни
супстанции. Немојте да правите краток спој,
премногу да ги наполнувате или обратно да ги
полните батериите.
-
Ако батериите се оштетени или протекуваат,
избегнувајте контакт со кожата или очите. Ако се
случи тоа, веднаш исплакнете добро со вода и
побарајте лекарска помош.
Македонски
563

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

Sonicare 9900 prestige