112 | Македонски
Замена на главен филтер (види слика I)
Напомена: Кога го заменувате филтерот, осигурете се
дека нема прашина во куќиштето на моторот.
Притиснете ја рачката за прицврстување на држачот на
филтерот (28) во насока на главниот филтер (29) и
повлечете го држачот на филтерот (27) со филтерот.
Извадете го филтерот (29) од држачот на филтерот (27).
За вметнување нов филтер, ставете го филтерот (29) во
држачот на филтерот со наборите на филтерот свртени
надолу (27). Вметнете го држачот на филтерот (27) со
филтерот (29) во горниот дел од всисувачот (9).
Прицврстување на цревото за всисување на
всисувачот (види слика J)
Завиткајте го монтираното црево за всисување (22)
околу всисувачот. Повлечете ги врвките за држење (7)
нагоре и закачете ги во држачот.
Употреба
Ставање во употреба
Пред всисувањето бидете сигурни дека единицата
u
на филтерот е цврсто монтирана.
Користете само неоштетен филтер (без пукнатини,
u
дупчиња итн.). Веднаш заменете го оштетениот
филтер.
Вклучување/исклучување
За вклучување на всисувачот притиснете го копчето за
вклучување/исклучување (5).
За да го продолжите траењето на батеријата, притиснете
го ECO-копчето (4).
За исклучување на всисувачот, одново притиснете го
копчето за вклучување/исклучување (5).
ECO-режим
Со активирање на ECO-режимот, јачината на всисување
се регулира надолу со цел да се зголеми траењето на
батеријата (види „Технички податоци", Страница 110).
Суво всисување
Доколку е можно, користете кеса за прав за суво
всисување (додаток).
Доколку кесата за прав е полна, заменете ја со нова.
Проверете ја вреќата за прашина по секое
u
користење.
Всисување прав на од електрични алати што работат
(види слика L)
Мора да постои доволен степен на проток на воздух
u
(L) во просторот, бидејќи издувниот воздух се
враќа во просторијата. Внимавајте на односните
прописи во земјата.
Монтирајте го универзалниот адаптер (21).
Вметнете го универзалниот адаптер (21) во млазниците
за всисување на електричниот алат.
1 609 92A 62Y | (04.05.2021)
Напомена: Кога работите со електрични алати, чиј
проток на воздух во цревото за всисување е мало (на пр.,
убодни пили, брусилки и сл.), отвор за воздух (31) на
универзалниот адаптер (21) мора да е отворен. Со тоа се
подобруваат перформансите на всисувачот и
електричната алатка. За да го направите ова, вртете го
прстенот над отворот за воздух (31), додека не се отвори
што е можно повеќе.
Влажно всисување
Всисувачот не смее да се користи како водена
u
пумпа. Всисувачот е наменет за всисување на
мешавини од воздух и вода.
Работни чекори пред започнување на влажно
всисување
Испразнете и исчистете го садот (1). Кеса за прав (25) не
треба да биде поставена.
Исчистете ги сензорите за ниво на наполнетост (30) со
мека крпа (види слика I).
Монтирајте соодветна млазница.
Всисување течности
Вклучете го всисувачот со копчето за вклучување/
исклучување (5).
Всисувачот има сензори за ниво на наполнетост (30)
(види слика J). Кога ќе се достигне максималното ниво на
полнење, всисувачот се исклучува.
Напомена: При всисување на неспроводливи материјали
(на пр. емулзија настаната при дупчење, масла и
маснотии) всисувачот нема да се исклучи и при полн
контејнер. Состојбата на наполнетост мора постојано да
се проверува и контејнерот навреме да се празни.
Работни чекори по започнување на влажно всисување
Испразнете го садот (1).
За да избегнете формирање мувла, извадете го горниот
дел од всисувачот (9), отворете го држачот на
филтерот (27), извадете го филтерот (29) и оставете сè
да се исуши добро.
Дување/всисување (види слика G)
Всисувачот располага со функција за издувување.
u
Не го издувувајте испуштениот воздух во слободен
простор. Користете ја функцијата за издувување
само со чисто црево. Правта може да биде опасна по
здравјето.
Користете го отворот за цревото за всисување (12) на
задната страна за функцијата на дување.
Монтирајте го цревото на задниот отвор за цревото за
всисување (12).
Поврзете го другиот крај на цревото со универзалниот
адаптер (21) и со еден од 3 адаптери за дување (23), за
да надувате некој предмет (на пр.душек на дување) или
користете го всисувачот со продолжните цевки (33) за
дување на лисјата во Вашата градина.
Вклучете го всисувачот со копчето за вклучување/
исклучување (5).
Bosch Power Tools