Télécharger Imprimer la page

Bosch 06033E1000 Notice Originale page 111

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 16
Монтажа
Полнење на батеријата
Користете ги само полначите коишто се наведени
u
во техничките податоци. Само овие полначи се
погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот
електричен алат.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот
при полнењето не ѝ наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)". Доколку
батеријата е испразнета, батерискиот всисувач се
исклучува со заштитен прекинувач.
По автоматското исклучување не притискајте на
u
прекинувачот за вклучување/исклучување.
Батеријата може да се оштети.
За да се наполни батеријата мора да се извади од
всисувачот.
Батеријата е опремена со NTC-контрола на
температурата, што дозволува полнење само на
температура меѓу 0°C и 45°C. Со тоа се постигнува долг
рок на употреба на батеријата.
Скратеното време на работа по полнењето покажува,
дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Приказ за наполнетост на батеријата
Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост
на батеријата (6) ја покажуваат состојбата на наполнетост
на батеријата (17). Екранот свети континуирано по
ставањето во употреба.
Доколку по вклучувањето не свети LED-светилката,
батеријата е дефектна и мора да се замени.
Приказ за грешки
– Препознавање поправливи грешки: 3 LED-светилки
трепкаат.
▪ Батеријата е прегреана.
▪ Садот е полн со вода.
– Препознавање непоправливи грешки: средната LED-
светилка трепка.
▪ Струјното коло за моторот е прекинато.
▪ Заштитниот отпорник е активиран.
Ставање и вадење на батеријата (види слика A)
Не употребувајте сила при ставање на батеријата.
u
Батеријата е дизајнирана на тој начин што може да се
вметне само во правилна позиција во всисувачот.
– Вметнете ја батеријата (17) до крај во преградата за
батерии (16).
– За вадење на батеријата (17) притиснете ги копчињата
за отклучување  на батеријата и извлечете ја од
преградата за батерии (16).
Bosch Power Tools
Држач за монтирање на опремата за
всисување (види слика B)
Ставете го држачот на додатокот (18) на додатокот за
всисување во предвидениот прифат (13).
На држачот на додатокот (18) ќе најдете 3 продолжни
цевки (33), универзален адаптер (21), заоблена
млазница (20), млазница за фуги (35) и адаптер за
дување (23).
Држачот на додатокот (18) може исто така да се зацврсти
со 2 завртки на ѕид.
Подната млазница (34) може да се закачи или директно
на всисувачот (види слика C) или на држачот за
додаток (18) (види слика D).
Монтирање на опремата за всисување
Монтирање адаптер за всисување или заоблена
млазница (види слика E)
Вметнете го универзалниот адаптер (21) или заоблена
млазница (20) на цревото за всисување (22) и свртете ги
универзалниот адаптер (21) или заоблената
млазница (20), додека не слушнете дека се вклопиле.
За демонтирање притиснете го копчето (32) навнатре и
повлечете ги компонентите.
Монтирање млазници и цевки
Доколку е потребно, прицврстете ги продолжните
цевки (33) цврсто една во друга, а потоа цврсто на
заоблената млазница (20).
Цврсто закачете ја подната млазница (34), млазницата за
фуги (35) или четката (36) на другиот крај на
продолжната цевка (33) или заоблената млазница (20).
На заоблената млазница (20) може да се постават и
адаптерите за дување (23).
Монтирање на цревото за всисување
Функција на всисување (види слика F)
Вметнете го цревото за всисување (22) во отворот за
цревото за всисување (2) и вртете го до крај  .
Функција на издувување (види слика G)
Вметнете го цревото за всисување во задниот отвор за
цревото за всисување (12) и вртете го до крај  .
Промена/вметнување на кеса за прав
(види слика H) (опрема)
Отворете ги капаците (10) и извадете го горниот дел од
всисувачот (9).
Извадете го држачот за кесата за прав (24).
Вметнете ја кесата за прав (25) на држачот за кесата за
прав (24) и ставете ја кесата за прав (25) со држачот за
кесата за прав (24) во садот (1).
Вметнете го повторно горниот дел од всисувачот (9) и со
затворање на капаците (10) поврзете го садот (1) со
горниот дел од всисувачот (9).
Македонски | 111
1 609 92A 62Y | (04.05.2021)

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

Advancedvac 18v-8