Télécharger Imprimer la page

Bosch 3 601 JF6 0 Notice Originale page 143

Masquer les pouces Voir aussi pour 3 601 JF6 0:

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 18
OBJ_BUCH-2980-001.book Page 143 Friday, November 4, 2016 8:16 AM
 При работата, држете го електричниот апарат
цврсто со двете дланки и застанете во сигурна
положба. Со електричниот апарат посигурно ќе
управувате ако го држите со двете дланки.
 Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
 Почекајте додека електричниот апарат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе
до губење контрола над уредот.
 Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток
спој.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од
трајно изложување на сончеви зраци, оган,
вода или влага. Постои опасност од
експлозија.
 Доколку се оштети батеријата или не се користи
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени однесете ги
на лекар. Пареата може да ги надразни дишните
патишта.
 Користете батерии кои се соодветни на Вашиот
електричен апарат од Bosch. Само на тој начин
батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување.
 Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или шрафцигер или надворешно
влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и
батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира
или да се прегрее.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Технички податоци
Батериска дупчалка-одвртувач
Број на дел/артикл
Номинален напон
Број на празни вртежи
– 1. брзина
– 2. брзина
макс. вртежен момент при
зашрафување во меки материјали
според ISO 5393
макс. вртежен момент при јако
зашрафување според ISO 5393
* во зависност од употребената батерија
** ограничена јачина при температури <0 °C
Bosch Power Tools
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го
читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за зашрафување и
одвртување на шрафови како и за дупчење во дрво, метал
и пластика.
Електричниот алат може да се употребува со аголен
додаток (GFA 12-W), ексцентричен додаток (GFA 12-E),
додаток за држач за битови (GFA 12-X) или додаток за
стезна глава (GFA 12-B).
Светлото на овој електричен апарат е наменето да го
осветли директно полето на работа на електричниот
апарат и не е погодно за просторно осветлување во
домаќинството.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1 Прифат
2 Прстен за подесување на вртежниот момент
3 Прекинувач за избор на брзина
4 Копче за отклучување на батеријата (2x)
5 Батерија
6 Прекинувач за менување на правецот на вртење
7 Прекинувач за вклучување/исклучување
8 Приказ за наполнетоста на батеријата
9 Работно светло
10 Додаток за држач за битови GFA 12-X*
11 Додаток за стезна глава GFA 12-B*
12 Ексцентричен додаток GFA 12-E*
13 Аголен додаток GFA 12-W*
14 Прстен за блокирање
15 Рачка (изолирана површина на дршката)
16 Универзален држач за битови*
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
GSR 12V-15 FC
GFA 12-X
3 601 JF6 0..
V=
12
-1
min
0 – 400
-1
min
0 – 1300
*
Nm
15
*
Nm
30
Македонски | 143
GFA 12-B
GFA 12-E
1 609 92A 38S | (4.11.16)
GFA 12-W

Publicité

loading