Совети При Работењето - Bosch GCM 80 SJ Professional Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour GCM 80 SJ Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 27
OBJ_BUCH-2154-003.book Page 220 Monday, March 6, 2017 11:48 AM
220 | Македонски
– За сечење, дополнително кон активирањето на
прекинувачот за вклучување/исклучување 15, мора да
го притиснете прекинувачот за блокада 17.
Исклучување
– За Исклучување отпуштете го прекинувачот за
вклучување/исклучување 15.
Совети при работењето
Општи напомени за сечење
 При сите резови најпрво мора да се осигурате, дека
листот на пилата во ниеден момент нема да ја допре
граничната водилка, столарските стеги или другите
делови на уредот. Извадете го евентуално
монтираниот помошен граничник или соодветно
подесете го.
Сечете само материјали, кои се дозволени за наменската
употреба.
Заштитете го листот за пилата од удари. Не го изложувајте
листот за пилата на страничен притисок.
Не обработувајте искривени делови. Делот што се
обработува мора да има секогаш прав раб за поставување
на шината на граничникот.
Проверете дали осцилаторната заштитна хауба може
правилно да функционира и дали може слободно да се
движи. Кога го водите кракот на алатот надолу, мора да ја
отворите осцилаторната заштитна хауба. Кога го водите
кракот на алатот нагоре, осцилаторната заштитна хауба
мора да се затвори преку листот за пилата и да се фиксира
во најгорната позиција на кракот на алатот.
Позиција на корисникот (види слика K)
 Не се поставувајте во една линија со листот за
пилата пред електричниот апарат, туку секогаш
странично од листот за пилата. На тој начин, вашето
тело е заштитено од можен повратен удар.
– Држете ги дланките прстите и рацете подалеку од
ротирачкиот лист за пилата.
– Не ги прекрстувајте рацете пред рачката на апаратот.
Дозволени димензии на делот што се обработува
Максимални делови за обработка:
Агол на косо сечење
хоризонтално
вертикално
45°
45°
Минимални делови за обработка (= сите делови што се
обработуваат, што може да се затегнат со столарска стега
7 лево или десно на листот на пилата):
100 x 40 мм (должина x ширина)
макс. длабочина на резот (0°/0°): 70 мм
Менување на плочата за вметнување (види слика L)
Црвените плочи за вметнување 23 може да го истрошат
електричниот уред по подолга употреба.
Заменете ја дефектната плоча за вметнување.
1 609 92A 3BW | (6.3.17)
– Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
– Одвртете ги завртките 43 со инбус клуч (4 mm) и
извадете ги старите плочи за вметнување.
– Ставете ја новата десна плоча за вметнување.
– Прицвртете ја плочата за вметнување со завртките 43
што е можно подесно, така што по целата должина на
можното повлекување листот за пилата нема да доаѓа
во контакт со плочата за вметнување.
– Повторете ги работните чекори аналогно за новата лева
плоча за вметнување.
Сечење
 Секогаш зацврстете го копчето за фиксирање 25
пред сечењето. Инаку листот на пилата може да се
заглави во делот што се обработува.
Сечење без влечење (отсекување) (види слика M)
– За сечење без повлекување (мали делови за
обработка) олабавете ја завртката за фиксирање 11,
доколку истата е затегната. Поместете го кракот на
алатот до крај во правец на граничните водилки 6 и 21
и повторно затегнете ја завртката за фиксирање 11.
– Поставете го саканиот хоризонтален и/или вертикален
агол на закосување.
– Притиснете го делот што се обработува кон граничната
водилка 6 и 21.
– Прицврстете го делот што се обработува согласно
димензиите.
– Вклучете го електричниот апарат.
– Притиснете го прекинувачот за блокада 17 и полека
водете го кракот на алатот со рачката 16 надолу.
– Сечете го делот што се обработува со ист притисок.
– Исклучете го електричниот апарат и почекајте додека
листот за пилата не дојде целосно во состојба на
мирување.
– Полека водете ја рачката на апаратот нагоре.
Сечење со влечење
– За сечење со помош на механизмот за влечење 12
(широки делови за обработка) олабавете ја завртката
за фиксирање 11, доколку истата е затегната.
– Поставете го саканиот хоризонтален и/или вертикален
агол на закосување.
– Притиснете го делот што се обработува кон граничната
Висина x ширина
водилка 6 и 21.
[мм]
– Прицврстете го делот што се обработува согласно
димензиите.
70 x 270
– Поместете го кракот на алатот од граничните водилки 6
70 x 190
и 21, додека листот за пилата не дојде пред делот што се
45 x 270
обработува.
– Вклучете го електричниот апарат.
– Притиснете го прекинувачот за блокада 17 и полека
водете го кракот на алатот со рачката 16 надолу.
– Сега притиснете го кракот на алатот во правец на
граничните водилки 6 и 21 и сечете го делот што се
обработува со рамномерен притисок.
– Исклучете го електричниот апарат и почекајте додека
листот за пилата не дојде целосно во состојба на
мирување.
– Полека водете ја рачката на апаратот нагоре.
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Gcm 800 sj professionalGcm 8000 sj professional

Table des Matières