150 | Македонски
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2 .
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
Вметнување на батеријата
Користете само оригинални Bosch литиум-јонски
u
батерии со напон кој е наведен на
спецификационата плочка на Вашиот електричниот
алат. Користењето друг вид батерии може да доведе
до повреди и опасност од пожар.
Напомена: Користењето на батерии кои не се соодветни
за Вашиот електричен алат може да доведе до погрешно
функционирање или до оштетување на истиот.
Вметнете ја наполнетата батерија (8) во подножјето на
електричниот алат, додека не слушнете дека е вклопена и
заклучена.
Вклучување/исклучување
За вклучување на електричниот алат прво притиснете ја
блокадата при вклучување (7). Потоа притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (6) и држете
го притиснат.
За исклучување на електричниот алат отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (6).
Напомена: Од безбедносни причини, прекинувачот за
вклучување/исклучување (6) нема да се блокира, туку за
време на работата постојано мора да биде притиснат.
Контрола на бројот на работни одови
Бројот на работни одови на вклучениот електричен алат
може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа
колку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/
исклучување (6).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (6) се постигнуваат мал број на работни
одови. Со зголемување на притисокот се зголемува и
бројот на работни одови.
Потребниот број на работни одови зависи од материјалот
и работните услови и може да се одреди со практична
примена.
1 609 92A 4JX | (01.10.2018)
Се препорачува намалување на бројот на работни одови
при поставување на сечилото за пила на алатот, како и
при сечење на пластика и алуминиум.
При подолготрајно работење со мал број на работни
одови, електричниот алат може многу да се вжешти.
Извадете го сечилото за пила и оставете го електричниот
алат да работи околу 3 мин. со максимален број на
работни одови.
Заштита од преоптоварување во зависност од
температурата
Правилната употреба не може да го преоптовари
електричниот алат. При големо оптоварување или
надминување на дозволената температура на батеријата
електрониката го исклучува електричниот алат, додека не
се врати во оптималните граници на температура.
Совети при работењето
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Доколку се блокира сечилото за пила, исклучете го
u
електричниот алат.
Совети
При сечење на лесни градежни материјали,
u
внимавајте на законските одредби и препораки на
производителот на материјалот.
Пред сечењето во дрво, шперплочи, градежни
материјали итн. проверете дали на нив има туѓи тела како
на пр. клинци, завртки и употребете го соодветното
сечило за пила.
Вклучете го електричниот алат и водете го по делот што
треба да се обработи. Поставете ја основната плоча (2)
на површината од делот што се обработува и сечете со
еднаков притисок одн. иста брзина по материјалот. По
завршување на работниот процес, исклучете го
електричниот алат.
Доколку се заглави сечилото за пила, веднаш исклучете
го електричниот алат. Раширете го процепот што сте го
направиле при сечењето со соодветен алат и извлечете
го електричниот алат.
Подеслива основна плоча (види слика C)
Основната плоча (2) поради својата подвижност се
подесува на потребниот агол на површината.
Сечење со вдлабнување (види слики D–E)
Смеат да се обработуваат само меки материјали
u
како дрво, гипс картон и сл. при сечење со
вдлабнување! Не обработувајте метални
материјали со сечење со вдлабнување!
За пилата за вдлабнување користете само кратки сечила
за пила.
Поставете го електричниот алат со предниот раб на
основната плоча (2) на делот што се обработува, без
Bosch Power Tools