ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
ЗАБИВАЧ НА БАТЕРИИ
Производен број ............................................................................
Списание агол................................................................................
Вид на прицврстување на елементи за Жтифт
Дијаметар ....................................................................................
Должина ......................................................................................
Списание капацитет (број на ноктите) ........................................
Стапка циклус ................................................................................
Волтажа на батеријата .................................................................
Тежина според ЕПТА-процедурата 01/2014 (2,0 Ah ... 12,0 Ah)
Препорачана температура на околината при работа ................
Препорачани типови на акумулаторски батерии .......................
Препорачани полначи ...................................................................
Информација за бучавата/вибрациите
Измерените вредности се одредени согласно стандардот EN
60 745.
A-оценетото ниво на бучава на апаратот типично изнесува:
Ниво на звучен притисок. (Несигурност K=3dB(A))....................
Ниво на јачина на звук. (Несигурност K=3dB(A)) .......................
Носте штитник за уши.
Вкупни вибрациски вредности (векторски збир на трите
насоки) пресметани согласно EN 60745.
Вибрациска емисиона вредност a
...........................................
h
Несигурност К ...........................................................................
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Нивото на вибрации и емисија на бучава дадени во овој информативен лист се измерени во согласност со
стандардизиран метод на тестирање даден во EN 60745 и може да се користат за споредување на еден електричен алат
со друг. Тие исто така може да се користат при првична проценка на изложеност.
Наведеното ниво на вибрации и емисија на бучава ја претставува главната примена на алатот. Сепак ако алатот се
користи за поинакви примени, со поинаков прибор или лошо се одржува, вибрациите и емисијата на бучава може да се
разликуваат. Тоа може значително да го зголеми нивото на изложеност преку целиот работен период.
Проценка на нивото на изложеност на вибрации и бучава треба исто така да се земе предвид кога е исклучен алатот или
кога е вклучен, но не врши никаква работа. Тоа може значително да го намали нивото на изложеност преку целиот
работен период.
Утврдете дополнителни безбедносни мерки за да се заштити операторот од ефектите на вибрациите и/или бучавата како
на пр.: одржувајте го алатот и приборот, рацете нека ви бидат топли, организација на работните шеми.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Прочитајте ги сите
безбедносни упатства, инструкции, илустрации и
спецификации за овој електричен алат. Недоследно
почитување на подолу наведените упатства можe да
предизвика електричен удар, пожар и/или сериозни
повреди.
Чувајте ги сите предупредувања и упатства за
употреба.
УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА ЗАБИВАЧ НА БАТЕРИИ
Секогаш имајте во предвид дека алактката содржи
шајки. Невнимателното ракување со алатката може да
доведе до неочекувано испукување на шајки и до
повреди.
Не насочувајте го алатот кон себе или кон некој во
близина. Неочекуваното активирање може да ослободи
шајки и да предизвика повреда.
Немојте да ја активирате алатката, освен ако алатот
не е поставен цврсто на работното површина. Ако
алатката не е во контакт со работната површина, шајката
може да се оттргне подалеку од вашата цел.
Исклучете ја алатката од извор на енергија кога
шајката ќе се заглави во алатката. Кога ќе ја
отстранувате заглавената шајка, алатката за ковење
шајки може неочекувано да се активира доколку е
вклучена.
Бидете внимателни при отстранувањето на
заглавената шајка. Механизмот може да биде под
притисок и шајката може да биде присилно отстранета
додека се обидувате да ја ослободите заглавената шајка.
130
МАКЕДОНСКИ
M18 FFN
M18 FFN21
.......................4812 38 01 ...................4812 40 01
...000001-999999 ...000001-999999
...........................30 ° ...............................21 °
...............2,9 – 3,32 mm ................2,9 – 3,8 mm
......................50/90 mm .....................50/90 mm
...........................51 ................................43
.............................3 /sec ............................3 /sec
...........................18 V ..............................18 V
........... 4,7 kg ... 5,8 kg ............. 5,0 kg ... 6,1 kg
..................................... -18°C ... +50 °C
.................................... M18B...M18HB...
................................ M12-18 C...M1418 C6
........................90,1 dB (A) ...................90,6 dB (A)
......................101,1 dB (A) .................101,6 dB (A)
..........................5,9 m/s
2
.......................5,53 m/s
2
..........................1,5 m/s
2
.........................1,5 m/s
2
Да не се користи оваа алатка за фиксирање на
електрични кабли. Истата не е наменета за инсталација
на електрични кабли и може да ја оштети изолацијата на
електричните кабли и да предизвика електричен шок и
опасност од пожар.
Носете штитник за уши. Изложеноста на бука може да
предизвика губење на слухот.
Држете го уредот за изолираните површини на
рачките, пред се доколку вршите работи при кои
шајката може да наиде на скриени електрични кабли.
Шајките кои наидуваат на струјни кабли, ја пренесуваат
струјата врз металните делови на алатката, што може да
доведе до струен удар кај ракувачот со алатката.
Секогаш носете заштитни очила со странична
заштита. Очилата за секој ден се само отпорни на
удари. Тие немаат функција на заштитни очила.
Почитувањето на овие правила ќе го намали ризикот од
сериозни повреди.
Заштитните очила штитат ОДНАПРЕД и СТРАНИЧНО
од честичките што летаат наоколу. При полнење,
ракување и сервисирање на алатката СЕКОГАШ да се
носат заштитни очила. Заштитните очила се користат
како заштита од нечистотија и од шајки, кои што може да
предизвикаат тешки повреди на очите.
Секогаш отстранувајте ја батеријата пред да ја
прилагодите длабочината на погонското тркало.
Не го повлекувајте тркалото за подесување, тркалото е
наменето да ротира.
Не го притискајте прекинувачот додека ја подесувате
длабочината на погонското тркало.
Секогаш одберете серискиот режим на работа, пред да ја
подесувате длабочината на дискот.
Немојте да ја насочувате алатката кон себе или кон некој
близу вас кога ја подесувате длабочината на дискот.
ОСТАНАТИ БЕЗБЕДНОСНИ И РАБОТНИ УПАТСТВА
Секогаш да бидат свесни дека со злоупотреба и
неправилно ракување со оваа алатка може да се
повредите себи си или некој друг.
Алатката е наменета за употреба со една рака. Немојте
да го држите алатот со предниот дел од магацинот. Не
ставајте ги рацете, главата или некои други делови од
телото во близина на дното од магацинот кога шајката
излегува од алатката, бидејќи може да предизвикате
сериозни повреди.
Секогаш осигурајте се дека контактот на парчето што се
работи е целосно позициониран над парчето што се
работи. Позиционирањето на контактот на парчето што се
работи само парцијално над него може да предизвика
шајката целосно да го промаши парчето кое се работи и
да доведе до сериозна повреда.
Немојте да забивате шајки близу до работ на материјалот.
Парчето што се работи може да се распука и шајката
може да се врати и да ве повреди вас или вашиот колега.
Ве молиме да земете во предвид дека шајката може да ја
следи текстурата на дрвото, со што неочекувано може да
штрчи странично од работниот материјал или да се
отклони, а можно е и да предизвика повреди.
Држете ги рацете и другите делови од телото понастрана
од непосредната работна површина. Држете го парчето
што се работи со стегачи кога е потребно, со што ќе се
заштитат рацете и другите делови од телото од несакани
последици. Осигурајте се дека парчето што се работи е
прописно прицврстено пред да ја притиснете шајката во
материјалот. Контактот на парчето што се работи може да
предизвика неочекувано поместување на работниот
материјал. Држете го лицето и другите делови од телото
подалеку од задниот дел од алатката кога работите на
ограничени површини. Неочекуван повратен удар може
да предизвика влијание врз телото, особено кога се
забиваат шајки во тврд или компактен материјал.
При нормална употреба на алатката, алатката ќе се врати
во првичната положба веднаш штом ќе биде забиена
шајката. Тоа е нормална функција на алатката. Немојте
да се обидете да го спречите повратниот удар држејќи го
алатот на материјалот. Обидот да се спречи повратен
удар може да резултира со испукување на втора шајка.
Цврсто држете ја рачката, дозволете и на алатката да ја
врши својата работа и не ја ставајте другата рака на
врвот од алатката или близу до одводот за издувни
гасови. Непочитувањето на ова предупредување може да
предизвика сериозни повреди.
Немојте да забивате шајки над други шајки или под
стрмен агол, бидејќи тоа може да предизвика
скршнување на шајката што пак може да доведе до
повреда.
Секогаш да се проверува работната површина за
постоење на скриени електрични кабли, гасоводни цевки,
водоводни цевки, итн., пред да се користи алатката на
ваква работна површина.
По користењето на производот во режим на контактно
активирање, вратете го на целосен сериски режим.
Длабочината на аплицирањето на шајката може да се
подеси под воздушен притисок. Ве советуваме најпрво да
ја тестирате длабочината на парчето кое се работи со цел
да се утврди потребната длабочина за аплицирање на
шајката.
Само шајки што одговараат на описот даден во технички
податоци може да се користи со оваа алатка.
Користењето на несоодветни шајки може да доведе до
нивно заглавување или до други дефекти.
Да не се селектира режимот на работа на контактно
активирање кога се работи на скелиња, скали или на
платформи каде што е неопходно да се менува
позицијата на телото. На тој начин може ненамерно да се
испука шајка со неадекватно активирање на контактот на
парчето за работа додека човек се движи, а доколку е
активиран режимот на работа на контактно активирање.
Доколку е неопходно движење, изберете го режимот на
работа на целосно сериско активирање или целосно
деактивирајте ја алатката со тоа што ќе ги отстраните
батериите. На овој начин се намалува можноста за
повреди кај вас или кај други лица.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот
отпад и не горете ги. Дистрибутерите на Милвоки ги
собираат старите батерии, со што ја штитат нашата
околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети
(ризик од краток спој).
Метални парчиња не смеат да навлезат во делот за
полнење на батерија (ризик од краток спој).
Користете исклучиво Систем18 V за полнење на батерии
од18 V систем. Не користете батерии од друг систем.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и чувајте
ги само на суво место. Чувајте ги постојано суви.
Киселината од оштетените батериите може да истече при
екстремен напон или температури. Доколку дојдете во
контакт со исатата, измијте се веднаш со сапун и вода. Во
случај на контакт со очите плакнете ги убаво најмалку
10минути и задолжително одете на лекар.
Предупредување! За да избегнете опасноста од пожар,
од наранувања или од оштетување на производот,
коишто ги создава краток спој, не ја потопувајте во
течност алатката, заменливата батерија или полначот и
пазете во уредите и во батериите да не проникнуваат
течности. Корозивни или електроспроводливи течности,
како солена вода, одредени хемикалии, избелувачки
препарати или производи кои содржат избелувачки
супстанции, можат да предизвикаат краток спој.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Алатката е наменета за забивање на шајки во дрво или
слични меки материјали од магацинот кој содржи лента
од соодветни шајки. Шајките кои можат безбедно да се
наполнат во магацинот за овој производ се дадени во
табелата на спецификации на производот во овој
прирачник. Немојте да користите друг тип на шајки.
Немојте да работите во режимот на работа на контактно
активирање додека работите на скелиња, скалила или
други платформи, каде што е потребна промена на
положбата на телото. Во таков случај работете во
режимот на работа на целосно сериско активирање.
Алаткате не смее да се користи за фиксирање на
електрични кабли.
Не го користете овој производ на било кој друг начин
освен пропишаниот за нормална употреба.
ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Како производител, изјавуваме под целосна одговорност
дека „Техничките податоци" подолу го опишуваат
производот со сите релевантни одредби од регулативите
2011/65/ЕУ (RoHS), 2014/30/ЕЗ, 2006/42/ЕЗ и се
усогласени со следниве хармонизирани регулаторни
документи:
EN 60745-1:2009+A11:2010
EN 60745-2-16:2010
EN 55014-1:2017+A11:2020
EN 55014-2:2015
EN IEC 63000:2018
МАКЕДОНСКИ
131