Télécharger Imprimer la page

MIRKA 1242 M Mode D'emploi page 230

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 124
mk
Вшмукување течности
• Не вшмукувајте запаливи течности .
• Пред вшмукувањето течности, секогаш отстранувајте ја филтер вреќичката/вреќичката за една употреба и
проверете дали системот за ограничување на нивото на вода функционира правилно .
• Доколку се појави пена, веднаш прекинете со работата и испразнете го садот .
• Редовно чистете го уредот за ограничување на нивото на водата и проверувајте дали има знаци на оштетување .
• Исушете го влажниот филтер и внатрешните делови на садот за течност пред складирање .
Пред да го испразните садот, исклучете ја машината од напојувањето . Исклучете го цревото од доводот така што
ќе го повлечете цревото . Ослободете ги стегите на садот извлекувајќи ги нанадвор за да го ослободите горниот
дел со моторот . Подигнете го горниот дел со моторот од садот . По вшмукувањето течности, секогаш празнете го и
чистете го садот и системот за ограничување на нивото на вода .
Испразнете го садот така што ќе го навалите наназад или странично и ќе ја истурите течноста во одводот .
Повторно поставете го горниот дел со моторот врз садот . Прицврстете го горниот дел со моторот со стегите на
садот . Силните движења може случајно да го активираат уредот за ограничување на нивото на вода . Доколку се
случи тоа, исклучете ја машината и почекајте 3 секунди за да го ресетирате уредот . Потоа продолжете со работата
со машината .
3.8 Суво вшмукување
ВНИМАНИЕ
Вшмукување материјали опасни за околината . Вшмуканите материјали може да претставуваат опасност за
околината .
Исфрлајте ги вшмуканите материјали во согласност со правните регулативи .
Исклучете ја машината од напојувањето пред да ја испразните по суво вшмукување . Ослободете ги стегите
на садот извлекувајќи ги нанадвор за да го ослободите горниот дел со моторот . Подигнете го горниот дел со
моторот од садот .
Главен филтер: Проверете го филтерот . За да го исчистите филтерот, можете да го исчеткате или измиете .
Почекајте филтерот да се исуши пред повторно да започнете со вшмукувањето прашина .
Вреќичка за прашина: Проверете ја вреќичката за да го запазите факторот на полнење . Заменете ја вреќичката
за прашина ако тоа е потребно . Отстранете ја старата вреќичка . Новата вреќичка се вградува така што ќе го
поминете картонскиот дел со гумена мембрана низ отворот за вшмукување . Проверете дали гумената мембрана
минала преку подигнатиот дел на отворот за вшмукување .
По празнењето: Затворете го горниот дел со моторот врз садот и прицврстете го горниот дел со моторот со
стегите на садот . Никогаш не вшмукувајте материјали без да го поставите филтерот во машината . Ефикасноста на
вшмукување на машината зависи од големината и квалитетот на филтерот и вреќичката за прашина . Затоа, треба
да користите исклучиво оригинални филтри и вреќички за прашина .
4. По употребата на машината
4.1 По употребата
Исклучете ја машината од приклучницата за напојување кога таа не е во употреба . Намотајте го кабелот,
почнувајќи од машината . Кабелот за напојување може да се намота околу горниот дел со моторот или околу
садот, а може и да се закачи на вградената кука или некој друг држач .
4.2 Транспорт
• Пред да ја транспортирате машината, затворете ги сите стеги на садот .
• Затворете го доводот со капакот за довод .
• Не ја навалувајте машината доколку во садот има течност .
• Не користете куки за дигалки за да ја кревате машината .
• Не ја кревајте машината за рачката на количката
230
Mirka® Dust Extractor • 1230M & 1242 M • 230 V / 100–120 V • PC & AFC

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

1230 m