4) ВНИМАТЕЛНА УПОТРЕБА И РАКУВАЊЕ СО
ЕЛЕКТРИЧНИТЕ АЛАТИ
a) Не го преоптеретувајте уредот. При вашата
работа користете го предвидениот електричен
алат за таа употреба. Со соодветниот електричен
алат ќе работите подобро и посигурно во наведената
функционална област.
b) Не користете електричен алат чиј прекинувач е
неисправен. Електричниот алат кој повеќе не може
да се вклучува и исклучува е опасен и мора да се
поправи.
c) Исклучете го електричниот алат од струја
и/или извадете го комплетот со батерии,
ако се одделува, пред да правите некакви
прилагодувања, менувате дополнителна
опрема или да го складирате електричниот
алат. Со овие мерки на внимателност ќе се избегне
невнимателното вклучување на уредот.
d) Тргнете го електричниот алат кој не го користите
од допирот на децата. Не допуштајте работа со
уредот на лица кои не се запознаени со него
или кои го немаат прочитано ова упатство.
Електричните алати се опасни доколку со нив
работат неискусни лица.
e) Одржувајте го електричниот алат и
дополнителната опрема. Имајте контрола околу
тоа дали движечките делови на уредот работат
беспрекорно и дали не се заглавени, дали
деловите се скршени или оштетени до таа мерка
што не може да се обезбеди функционирање на
уредот. Пред примената, овие оштетени делови
треба да се поправат. Причина за многу незгоди е
лошо одржуваниот електричен алат.
f) Алатите за сечење одржувајте ги остри и чисти.
Внимателно одржуваните алати за сечење со остри
очтрици помалку ќе се заглавуваат и со нив работата
ќе биде полесна.
g) Електричниот алат, прибор, работни алати итн.,
треба да ги користите според овие упатства, и
на начин кој е опишан за соодветниот тип на
уред. При тоа, земете ги предвид работните
услови и работата која се извршува. Употребата
на електричните алати за други цели кои не се
предвидени, може да предизвика опасни ситуации.
h) Рачките и површините за држење одржувајте ги
суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините
за држење што се лизгаат не овозможуваат
безбедно ракување и контрола на алатот во
неочекувани ситуации.
5) ВНИМАТЕЛНО РАКУВАЊЕ И КОРИСТЕЊЕ НА
АПАРАТ СО АКУМУЛАТОР
a) Полнете го акумулаторот само во апаратите
за полнење кои се пропишани од страна на
производителот. За апаратот за полнење кој е
соодветен за определен вид на акумулатори, постои
опасност од пожар, доколку се употребува со други
акумулатори.
b) Користете ги електричните алати само со
специфично назначени пакувања на батерии.
Користењето на друг вид на батерии може да доведе
до ризик од повреда или пожар.
c) Кога батериите не се користат, држете ги
настрана од метални предмети како штрафчиња,
парички, клучеви, клинци, навртки или
други, мали предмети кои може да направат
краток спој. Краткиот спој кај батериите може да
предизвика изгореници или пожар.
d) При погрешна примена може да излезе течност
од акумулаторот; избегнувајте контакт со неа.
При случаен контакт, измијте се со вода. Ако
течноста дојде во допир со очите, побарајте и
лекарска помош дополнително. Течноста која
може да излезе од акумулаторот може да доведе до
надразнување на кожата и изгореници.
e) Не употребувајте комплет со батерии или алат
кој е оштетен или изменет. Оштетени или изменети
батерии може да реагираат непредвидливо и да
предизвикаат пожар, експлозија или опасност од
повреда.
f) Не го изложувајте комплетот со батерии
или алатот на оган или висока температура.
Изложувањето на оган или температура над 130°C
може да предизвика експлозија.
g) Следете ги сите инструкции за полнење и не
го полнете комплетот со батерии или алатот
надвор од температурниот опсег наведен во
инструкциите. Неправилното полнење или на
температура надвор од наведениот опсег може да
ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од
пожар.
6) СЕРВИСИРАЊЕ
a) Електричниот алат сервисирајте го кај
квалификувано лице кое користи само
идентични резервни делови. Со ова се обезбедува
безбедно одржување на електричниот алат.
b) Никогаш не поправајте оштетени комплети со
батерии. Поправката на комплети со батерии треба
да ја врши само производителот или овластен
сервис.
СПЕЦИФИЧНИ БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА
ПОТКАСТРУВАЧИТЕ НА ЖИВА ОГРАДА
a) Делови од телото не смеат да дојдат близу
сечилото. Не отстранувајте поткастрен
материјал и не држете материјал што треба
да се поткаструва додека се движат сечилата.
Сечилата продолжуваат да се движат и по
исклучување на алатот. Момент на невнимание при
работење со поткаструвач на жива ограда може да
доведе до сериозна повреда.
b) Поткаструвачот на жива ограда треба да се носи
за рачката, со запрени сечила, и внимавајте да
не притиснете некој прекинувач. Со правилно
носење на поткаструвачот на жива ограда ќе се
намали ризикот од случајно вклучување на алатот, а
со тоа и повреда од сечилата.
c) При транспорт или складирање на
поткаструвачот на жива ограда, секогаш ставајте
ја навлаката за сечила. Со соодветно ракување со
поткаструвачот на жива ограда се намалува ризикот
за лична повреда од сечилата.
d) При чистење заглавен материјал или при
сервисирање на уредот, уверете се дека се
исклучени сите прекинувачи и дека е отстранета
или исклучена батеријата. Неочекуваното
вклучување на поткаструвачот на жива ограда при
чистење заглавен материјал или при сервисирање
може да предизвика сериозни повреди.
123