Télécharger Imprimer la page

Milwaukee M18 BLLT Notice Originale page 62

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 16
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
ТРИМЕР ЗА ТРЕВА НА БАТЕРИИ
Производен број...............................................................................
Број на вртежи без оптеретување, најмал број на вртежи ...........
Број на вртежи без оптеретување, најголем број на вртежи ........
Макс. ø конец за сечење .................................................................
Максимален дијаметар на сечење .................................................
Волтажа на батеријата ...................................................................
Тежина според ЕПТА-процедурата 01/2014 (Li-Ion 5,5 Ah...12,0 Ah)
Препорачана температура на околината при работа ...................
Препорачани типови на акумулаторски батерии...........................
Препорачани полначи .....................................................................
Информација за бучавата/вибрациите
Измерените вредности се одредени согласно стандардот EN
62841.
A-оценетото ниво на бучава на апаратот типично изнесува:
Ниво на звучен притисок. (Несигурност K=3dB(A)) ....................
Ниво на јачина на звук. (Несигурност K=3dB(A)) .......................
Носте штитник за уши.
Вкупни вибрациски вредности (векторски збир на трите насоки)
пресметани согласно EN 62841.
Вибрација на предна рачка ..........................................................
Вибрација на задна рачка ............................................................
Несигурност К ............................................................................
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Нивото на вибрации и емисија на бучава дадени во овој информативен лист се измерени во согласност со
стандардизиран метод на тестирање даден во EN 62841 и може да се користат за споредување на еден електричен
алат со друг. Тие исто така може да се користат при првична проценка на изложеност.
Наведеното ниво на вибрации и емисија на бучава ја претставува главната примена на алатот. Сепак ако алатот се
користи за поинакви примени, со поинаков прибор или лошо се одржува, вибрациите и емисијата на бучава може да
се разликуваат. Тоа може значително да го зголеми нивото на изложеност преку целиот работен период.
Проценка на нивото на изложеност на вибрации и бучава треба исто така да се земе предвид кога е исклучен алатот
или кога е вклучен, но не врши никаква работа. Тоа може значително да го намали нивото на изложеност преку целиот
работен период.
Утврдете дополнителни безбедносни мерки за да се заштити операторот од ефектите на вибрациите и/или бучавата
како на пр.: одржувајте го алатот и приборот, рацете нека ви бидат топли, организација на работните шеми.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Прочитајте ги сите
безбедносни упатства, инструкции, илустрации и
спецификации за овој електричен алат. Недоследно
почитување на подолу наведените упатства можe да
предизвика електричен удар, пожар и/или сериозни
повреди.
Сочувајте ги сите безбедносни упатства и
инструкции за во иднина.
БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ТРИМЕР ЗА ТРЕВА
a) Не користите го уредот во лоши временски
услови, особено кога постои опасност од гром. На
тој начин го намалувате ризикот од удар на гром.
b) Детално проверете дали има диви животни во
областа на примена пред употреба. Уредот може
да ги повреди дивите животни.
c) Внимателно проверете ја областа на примена и
отстранете камења, гранки, жили, коски или други
страни предмети. Фрлените страни тела може да
доведат до повреда.
d) Проверете ги уредот за сечење и единицата за
сечење да немаат оштетени делови. Оштетените
делови го зголемуваат ризикот од повреда.
e) Не отстранувајте ги заштитните уреди.
Заштитните уреди мора да бидат функционални и
правилно монтирани. Олабавен, оштетен или
неправилно функционирачки заштитен уред може да
доведе до повреди.
f) Одржувајте ги сите отвори за воздух чисти.
Блокирани или валкани отвори за воздухот ќе
доведат до блокирање на уредот и може да
предизвикаат пожар.
122
МАКЕДОНСКИ
M18 BLLT
..................... 4779 19 02...
...000001-999999
.................... 0-4600 min
-1
.................... 0-6200 min
-1
.......................... 2,4 mm
......................... 400 mm
........................... 18 V
.............. 5,39...5,85 kg
...................... -18...+50 °C
..M18 HB5.5; M18 HB8.0; M18 HB12.0
................ M12-18..., M1418C
........................... 75 dB (A)
........................... 95 dB (A)
....................... < 2.5 m/s
2
....................... < 2.5 m/s
2
.......................... 1.5 m/s
2
g) Носете заштита за очите и ушите додека го
користите уредот. Носењето соодветна заштитна
опрема го намалува ризикот од повреда.
h) Секогаш при користење на апаратот носете
заштитни нелизгачки чевли. Не ракувајте со
уредот боси или со отворени чевли. Вака ќе
спречите повреди на стапалата од контакт со
ротирачката единица за сечење.
i) Секогаш носете долги панталони кога работите со
уредот. Контактот со ротирачката единица за сечење
или конецот за сечење може да предизвика повреда.
j) За време на употребата, оддалечете ги настрана
другите лица. Исфрлените делови можат да
предизвикаат сериозни повреди.
k) Не водете го уредот над висината на половината.
На овој начин, може да се избегне ненамерен контакт
со единицата за сечење и подобро да се контролира
уредот во неочекувани ситуации.
l) Бидете многу внимателни кога сечете влажна
трева. Секогаш одете, никогаш не трчајте. Вака се
намалува ризикот од лизгање и паѓање и се
спречуваат повреди.
m) Не користете го уредот на екстремна стрмнина.
Вака се намалува ризикот од губење контрола,
лизгање и паѓање и се спречуваат повреди.
n) Кога работите на стрмнина, осигурете се дека
стоите сигурно и секогаш работете напречно на
стрмнината. Никогаш немојте да работите по
должината на стрмнината и бидете крајно
внимателни при промена на правецот. Вака се
намалува ризикот од губење контрола, лизгање и
паѓање и се спречуваат повреди.
o) Чувајте ги сите кабли за напојување и
продолжителни кабли подалеку од резните
површини. Каблите за напојување или
продолжителните кабли скриени под живата ограда и
грмушките може ненамерно да бидат исечени или
оштетени од единицата за сечење или конецот за
сечење.
p) Чувајте ги сите делови од телото подалеку од
единицата за сечење или конецот за сечење.
Исчистете го уредот само откако ќе го извадите
приклучокот за напојување. Ротирачката единица
за сечење или конецот за сечење може да
предизвикаат сериозни повреди.
q) Транспортирајте го уредот само кога е исклучен и
држете го подалеку од телото. Правилната
употреба на уредот го намалува ризикот од случаен
контакт со ротирачката единица за сечење или
конецот за сечење.
r) Користете резервни глави за сечење и резервни
конци за сечење препорачани само од
производителот. Не заменувајте ги единиците за
сечење или конците за сечење со метални конци
или метални ножеви. Недозволени резервни делови
може да доведат до губење на контролата,
оштетување и повреди.
ОСТАНАТИ БЕЗБЕДНОСНИ НАПОМЕНИ
Не користете го уредот без делот за поврзување. Делот
за поврзување мора да биде правилно обезбеден при
сечење. Употребата на тримерот за трева без делот за
поврзување може да предизвика сериозни повреди.
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на
каков и да е зафат врз машината.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот
отпад и не горете ги. Дистрибутерите на Милвоки ги
собираат старите батерии, со што ја штитат нашата
околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети
(ризик од краток спој).
Користете исклучиво Систем M18 за полнење на
батерии од M18 систем. Не користете батерии од друг
систем.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и
чувајте ги само на суво место. Чувајте ги постојано суви.
Киселината од оштетените батериите може да истече
при екстремен напон или температури. Доколку дојдете
во контакт со исатата, измијте се веднаш со сапун и
вода. Во случај на контакт со очите плакнете ги убаво
најмалку 10минути и задолжително одете на лекар.
Предупредување! За да избегнете опасноста од пожар,
од наранувања или од оштетување на производот,
коишто ги создава краток спој, не ја потопувајте во
течност алатката, заменливата батерија или полначот и
пазете во уредите и во батериите да не проникнуваат
течности. Корозивни или електроспроводливи течности,
како солена вода, одредени хемикалии, избелувачки
препарати или производи кои содржат избелувачки
супстанции, можат да предизвикаат краток спој.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Производот е наменет само за употреба на отворено и
од стана на лице во стоечка положба.
Производот е наменет за косење трева, троскот и
слична вегетација на ниво на тлото.
При косењето држете го алатот по можност паралелно
со површината на почвата.
Немојте да го употребувате производот за
поткастрување и косење на жива ограда, грмушки или
остраната вегетација, кај кои рамнината на сечење не е
паралелна со тлото.
Не го користете овој производ на било кој друг начин
освен пропишаниот за нормална употреба.
ЕK-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Како производител, изјавуваме под целосна одговорност
дека „Техничките податоци" подолу го опишуваат
производот со сите релевантни одредби од регулативите
2011/65/ЕУ (RoHS), 2014/30/ЕЗ, 2006/42/ЕЗ, 2000/14/EC,
2005/88/EC и се усогласени со следниве хармонизирани
регулаторни документи:
EN 62841-1:2015
EN 60335-1:2012+A11:2014+A13:2017
EN 50636-2-91:2014
EN 55014-1:2017+ A11:2020
EN 55014-2:2015
EN IEC 63000:2018
Измерено ниво на јачина на звук: 94 dB(A)
Гарантирано ниво на јачина на звук: 96 dB(A)
Процедурата за оценување на сообразноста согласно
2000/14/ЕЗ ќе ја најдете во прилог V.
Notifi ed Body:
DEKRA Certifi cation B.V. (0344)
Meander 1051/P.O.Box 5185
6825 MS ARNHEIM/6802 ED ARNHEIM
Netherlands
Winnenden, 2021-06-14
Alexander Krug
Managing Director
Ополномоштен за составување на техничката
документација.
Techtronic Industries GmbH
Max-Eyth-Straße 10
71364 Winnenden
Germany
БАТЕРИИ
Батриите кои не биле користени подолго време треба да
се наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат
траењето на батериите. Избегнувајте подолго
изложување на батериите на високи температури или
сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се
наполнат целосно по употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после
нивното полнење треба да бидат извадени од апаратот
за полнење на батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30
дена: Акумулаторот да се чува на температура од
приближно 27°C и на суво место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од
состојбата на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6
месеци.
ЗАШТИТА ОД ПРЕОПТЕРЕТУВАЊЕ НА ЛИТИУМ-
ЈОНСКА БАТЕРИЈА
Батериското пакување е опремено со заштита од
преоптоварување што ја штити батеријата од
преоптоварување и обезбедува долг работен век.
При екстремно висок степен на употреба, електрониката
МАКЕДОНСКИ
123

Publicité

loading