Télécharger Imprimer la page

Bosch AdvancedGrind 18V-80 Notice Originale page 289

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 30
Лончеста четка
Четкањето со лончести четки може да се врши без
u
заштитен капак.
При работа со лончеста четка секогаш монтирајте
u
ја заштитата за рацете (23).
Редоследот на монтажата може да се види на графичката
карта.
Лончестата четка со навој M14 мора да може да се
завртува на вретеното за брусење до тој степен така што
цврсто ќе лежи на прирабницата на вретеното за брусење
на крајот од навојот на вретеното за брусење. Затегнете
ја лончестата четка со вилушкаст клуч.
Сечење на метал
За сечење на метал со композитен диск за сечење
u
или со дијамантски диск за сечење секогаш
користете ја заштитната хауба за сечење (12) одн.
заштитната хауба за брусење (11) со монтиран
поклопец за сечење (13).
При употребата на заштитна хауба за брусење (11)
u
за сечење со композитен диск за сечење постои
голем ризик да бидете изложени на искри и
честички како и делови од дискот при кршење на
дискот.
При сечењето со брусни плочи секогаш работете со
умерено поместување нанапред по материјалот. Не
правете притисок на брусната плоча за сечење, не
навалувајте и не осцилирајте.
Не ги блокирајте брусните плочи за сечење што
излегуваат со страничен противпритисок.
Електричниот алат секогаш мора да
се води во спротивен правец на
движење. Инаку постои опасност,
тој неконтролирано да се истисне
од резот. При сечење на профили и
четириаголни цевки, најдобро е да
поставите на најмалиот пресек.
Сечење на камен
За сечење на метал со композитен диск за сечење
u
или со дијамантски диск за сечење за камен/бетон
секогаш користете ја хаубата за всисување при
сечење со лизгачки водилки (29) или заштитната
хауба за сечење (12) или заштитната хауба за
брусење (11) со монтиран поклопец за
сечење (13).
При сечењето во камен погрижете се за доволно
u
вшмукување на правта.
Носете маска за заштита од прав.
u
Електричниот алат смее да се користи само за
u
сечење/брусење на суви материјали.
При употребата на заштитна хауба за сечење (12),
u
заштитната хауба за брусење (11) или заштитната
хауба за брусење (11) со монтиран поклопец за
сечење (13) за сечење и брусење во бетон или
ѕидни конструкции, постои зголемена изложеност
Bosch Power Tools
на прашина и зголемен ризик од губење контрола
над електричниот алат, што може да доведе до
повратен удар.
За сечење на камен најдобро е да употребите
дијамантска брусна плоча за сечење.
При користење на хаубата за всисување за сечење со
лизгачки водилки (29) всисувачот на прав мора да биде
дозволен за всисување на правта од каменот. Bosch ги
нуди соодветните всисувачи на прав.
Вклучете го електричниот алат и
поставете го со предниот дел на
лизгачките водилки на делот што се
обработува. Поместувајте го
електричниот алат со умерено
движење по материјалот што се
обработува.
При сечење на особено цврсти материјали на пр. бетон
со чакал, дијамантскиот диск за сечење може да се
прегрее и да се оштети. Венецот од искри кој кружи
околу дијамантскиот диск за сечење јасно укажува на
тоа.
Во таков случај прекинете го процесот на сечење и
оставете го кратко дијамантскиот диск за сечење во
празен од при највисок број на вртежи, за да се олади.
Значителното попуштање во работата и венецот од искри
кој кружи се знаци за отапена дијамантска брусна плоча.
Може повторно да ја наострите со кратки резови во
абразивен материјал, на пр. силикатен камен.
Сечење на други материјали
При сечење на други материјали како
u
пластика,композитен материјал итн. со композитен
диск за сечење или карбиден диск за сечење
Carbide Multi Wheel секогаш користете ја
заштитната хауба за сечење (12) или заштитната
хауба за брусење (11) со монтиран поклопец за
сечење (13). Со користењето на хаубата за
всисување со лизгачки водилки (29) ќе постигнете
подобар резултат од всисувањето прав.
Напомени за статиката
Процепите во носечките ѕидови подлежат на прописите
специфични за земјата. Мора задолжително да се
придржувате до овие прописи. Пред почетокот на
работата повикајте го одговорниот статичар, архитект или
надлежните градежни раководители за да се советувате.
Ставање во употреба
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот алат, лизнете
го прекинувачот за вклучување/исклучување (4)
нанапред.
За фиксирање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (4) притиснете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (4) нанапред надолу додека не
се вклопи.
Македонски | 289
1 609 92A 8PH | (03.05.2023)

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

Universalgrind 18v-753 603 ce5 1003 603 ce5 0003 603 ce5 001