Télécharger Imprimer la page

Bosch AdvancedGrind 18V-80 Notice Originale page 286

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 30
286 | Македонски
Поставете го заштитниот капак (11)
на прифатот на електричниот алат,
додека запците за кодирање на
заштитниот капак не се вклопат со
прифатот. Притоа, притиснете и
задржете го лостот за
отклучување (1).
Притиснете го заштитниот
капак (11) на грлото на вретеното
додека појасот на заштитниот капак
не е поставен на прирабницата на
електричниот алат и свртете го заштитниот капак, додека
не се вклопи звучно.
Прилагодете ја позицијата на заштитниот капак (11)
според потребите на работниот процес. За таа цел,
притиснете го лостот за отклучување (1) нагоре и свртете
го заштитниот капак (11) во саканата позиција.
Секогаш поставувајте го заштитниот капак (11)
u
така што двата запци на лостот за отклучување (1)
во соодветните отвори на заштитниот капак (11) ќе
влезат.
Поставете ја заштитната хауба (11) на тој начин што
u
ќе го спречи летањето на искри во правец на лицето
што ја користи.
Во правецот на вртење на опремата заштитниот
u
капак (11) смее да се врти само со притискање на
лостот за отклучување (1)! Инаку, електричниот
алат не смее да се користи и мора да се предаде на
сервисната служба.
Напомена: Запците за кодирање на заштитниот
капак (11) осигуруваат, дека може да се постави само
еден заштитен капак соодветен за електричниот алат.
Заштитна хауба за сечење
За сечење секогаш користете заштитна хауба за
u
сечење (12) или заштитна хауба за брусење (11)
заедно со поклопецот за сечење (13).
При сечењето во камен погрижете се за доволно
u
вшмукување на правта.
Заштитната хауба за сечење (12) се монтира како
заштитна хауба за брусење (11).
Поклопец за сечење од пластика
Ставете го поклопецот за сечење (13) од пластика на
заштитната хауба за брусење (11) (види слика A).
Поклопецот (13) се вклопува звучно и видливо на
заштитната хауба (11).
За демонтирање (види слика B) отклучете го
поклопецот (13) на заштитната хауба (11) (➊) лево или
десно и извлечете го поклопецот (➋).
Хауба за вшмукување при сечење со лизгачка
водилка
Заштитната хауба за сечење со лизгачки водилки (29) се
монтира како заштитна хауба за брусење.
Со прицврстување на дополнителната рачка (9)/(10) низ
заштитниот држач на хаубата за всисување до менувачот,
електричниот алат е цврсто поврзан со хаубата за
всисување. На хаубата за всисување со лизгачки
1 609 92A 8PH | (03.05.2023)
водилки (29) може да се поврзе соодветен Bosch-
всисувач за прав. За таа цел, ставете го цревото за
всисување со адаптерот за всисување во предвидените
делови за вметнување на хаубата за всисување.
Напомена: Триењето предизвикано од прашината во
цревото за всисување и додатоците за време на
всисувањето предизвикува електростатичко полнење
што корисникот може да го доживее како статичко
празнење (во зависност од факторите на животната
средина и неговата физиолошка состојба). Bosch
генерално препорачува употреба на антистатичко црево
за всисување (додаток) за всисување фина прашина и
суви материјали.
Заштита за дланките
При работа со гумен брусен диск (24) или со
u
лончеста четка (27) секогаш монтирајте ја
заштитата за рацете (23).
Прицврстете ја заштитата за рацете (23) со
дополнителната рачка (9)/(10).
Стандардна-дополнителна рачка/дополнителна рачка
за придушување на вибрациите
Навртете ја дополнителната рачка (9)/(10) од десно или
од лево на погонската глава во зависност од начинот на
работа.
Користете го вашиот електричен алат само со
u
дополнителна рачка (9)/(10).
Не продолжувајте со работа со електричниот алат,
u
ако дополнителната рачка (9)/(10) е оштетена. Не
вршете промени на дополнителната рачка (9)/(10).
Дополнителната рачка за
придушување на
вибрациите (10)овозможува
работење со мали вибрации и пријатна и безбедна
работа.
Монтирање на брусни алати
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Не ги допирајте брусните плочи и дисковите за
u
сечење додека не се оладат. Плочите за време на
работењето стануваат многу жешки.
Исчистете го вретеното за брусење (22) и сите делови за
монтирање.
За зацврстување и олабавување на брусните алати
притиснете го копчето за блокирање на вретеното (2), за
да го зацврстите вретеното за брусење.
Притиснете го копчето за блокирање на вретеното
u
само кога вретеното за брусење е во состојба на
мирување. Инаку електричниот алат може да се
оштети.
Bosch Power Tools

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

Universalgrind 18v-753 603 ce5 1003 603 ce5 0003 603 ce5 001