138
Македонски
Гаранција и поддршка
За информации за производот, поддршка и упатства за корисникот
онлајн, посетете ја: www.philips.com/support или прочитајте ја
брошурата за меѓународна гаранција.
Условите од меѓународната гаранција не го покриваат следново:
-
Оштетување предизвикано од користење неовластени резервни
делови.
-
Оштетување предизвикано од погрешно користење, запоставување,
промени или неовластени поправки.
-
Нормално трошење и абење, вклучувајќи скршени делчиња,
гребаници, абразии, промена на бојата или избледување.
-
УВ-светилка.
Рециклирање
-
УВ-светилката на стерилизаторот содржи жива. Не фрлајте ја УВ-
светилката заедно со обичниот отпад од домаќинството на крајот од
работниот век. Однесете ја на официјално место за отпад за
рециклирање.
-
Придржувајте се до прописите во вашата земја за посебно собирање
на електрични и електронски производи. Правилното отстранување
помага да се спречат негативни последици за животната средина и
здравјето на човекот.