2 Извлечете го послужавникот за капење право нанадвор (Сл. 8).
Исплакнете го послужавникот за капење и избришете го со влажна
крпа.
3 Исчистете ги сите надворешни површини со влажна крпа.
4 Отстранете го заштитникот пред УВ-светилката.
За да го отстраните заштитникот, фатете ги рабовите веднаш до
прицврстувачите, нежно притиснете ги и извлечете го заштитникот
(Сл. 9).
5 Отстранете ја УВ-сијалицата.
За да ја отстраните сијалицата, фатете ја и извлечете ја од металната
стега.
6 Исчистете ја заштитната мрежа и УВ-сијалицата со влажна крпа.
7 Повторно вметнете ја УВ-сијалицата.
За повторно да ја вметнете светилката, порамнете го нејзиниот долен
дел со металниот прицврстувач и турнете ја светилката во
прицврстувачот.
8 Повторно вметнете ја заштитната мрежа.
За повторно да го вметнете заштитникот, порамнете ги клиновите на
заштитникот со отворите на рефлектирачката површина во близина
на УВ-светилката. Турнете ја мрежата директно во отворите на
стерилизаторот.
9 Вратете го послужавникот за капење во УВ-стерилизаторот.
10 По чистењето, проверете дали стерилизаторот е целосно сув пред да
го поврзете со напојувањето.
Чување
Ако не планирате да го користите производот подолго време, исклучете
го од електричниот штекер, исчистете го и складирајте го на ладно и суво
место подалеку од сончева светлина.
Замена
УВ-светилки за замена се достапни преку сервисниот центар за
корисници на Philips Sonicare. Посетете ја
локацијата:www.philips.com/support за да контактирате со вашиот
локален центар за грижа на корисници на Philips.
Македонски
137