ВАЖНО Дадените етикети што се скинале или не се
читливи, треба да се заменат. Побарајте нови етикети
од соодветен центар или од овластениот сервисер.
3.3
ЕТИКЕТА ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА
Етикетата за идентификација ги содржи
следните податоци (сл.1).
1.
Ниво на акустична моќност.
2.
Ознака за усогласеност со CE.
3.
Година на производство.
4.
Тип на машината.
5.
Сериски број.
6.
Име и адреса на производителот.
7.
Код на производ.
8.
Максимална брзина при работа на моторот.
Тежина во кг.
9.
10. Волтажа и вид напојување.
11. Степен на електрична заштита.
12. Номинална моќност.
Запишете ги податоците за идентификација за
машината на соодветните места на дадената
етикета од внатрешната страна на капакот.
ВАЖНО Користете ги дадените
податоци за идентификација секојпат кога
контактирате со овластен центар.
ВАЖНО Примерот за изјавата за усогласеност
се наоѓа на последната страница во упатството.
3.4
ГЛАВНИ ДЕЛОВИ
Машината се состои од следните главни делови
коишто соодветствуваат на следните функции (сл.1):
A.
Шасија: куќиште што го содржи
уредот со ротирачкото сечиво.
B.
Мотор: обезбедува движење на
уредот со сечивото и движење на
тркалата (ако е предвидено).
C.
Уред со сечивото: соодветен
елемент за косење на тревата.
D.
Рачка: местото за работа на операторот.
Нејзината должина овозможува операторот
секогаш да го одржува безбедното
растојание од уредот со ротирачкото
сечиво во текот на работата.
E.
Батерија: овозможува ел. напојување
за палење на моторот. Нејзините
одлики и условите за употреба се
опишани во засебно упатство.
F.
Команда за прекинувачот: го пали/
гасне моторот и истовремено го активира/
дезактивира уредот со сечивото.
G.
Рачка за вклучување на погонот
(ако има): е рачка која го активира
преносот за движење на тркалата и
овозможува движење на машината.
H.
Вратичка за пристап до
одделот за батеријата
I.
Безбедносен клуч (уред за
дезактивирање): Клучот го активира /
дезактивира електричното коло на машината.
J.
Полнач за батерија: уред што се
користи за полнење на батеријата.
4.
МОНТАЖА
Безбедносните одредби што треба да
ги следите се дадени во поглавје 2. Строго
придржувајте се до тие упатства за да избегнете
сериозни ризици или опасности.
За потребите на складирање и транспорт, одредени
компоненти на машината не се монтирани во
фабриката, туку треба да се монтираат по вадење
на амбалажата следејќи ги следните упатства.
Распакувањето и целата монтажа треба
да се извршат на цврста и рамна површина со
доволно простор за поместување на машината и на
амбалажата користејќи секогаш соодветни алати.
Не користете ја машината пред да завршите со сите
постапки наведени во поглавјето „МОНТИРАЊЕ".
4.1
ДЕЛОВИ ЗА МОНТИРАЊЕ
Пакувањето ги содржи деловите за монтажа.
4.1.1
Распакување
1.
Отворете го пакувањето внимателно
за да не ги расфрлите деловите.
2.
Прочитајте ја документацијата во кутијата
каде се наведени овие упатства.
3.
Извадете ги од кутијата сите
делови што не се монтирани.
4.
Фрлете ги кутијата и амбалажата
согласно локалните одредби.
Пред да започнете со монтирање, уверете се
дека безбедносниот клуч е на своето место.
4.2
ПОСТАВУВАЊЕ НА РАЧКАТА
Составете го ракофатот како што е посочено на (сл.3).
5.
КОМАНДИ ЗА КОНТРОЛА
5.1
БЕЗБЕДНОСЕН КЛУЧ (УРЕД
ЗА ДЕЗАКТИВИРАЊЕ)
Клучот (сл.4.A) се поставува во отворот
на батеријата, го активира и дезактивира
електричното коло на машината.
Со вадење на клучот, комплетно се
дезактивира електричното коло за да се спречи
неконтролирана употреба на машината.
ВАЖНО Извадете го безбедносниот клуч
секојпат кога ја оставате машината без надзор.
MK - 5