Télécharger Imprimer la page

Stiga MCS 470 Li 60 Serie Manuel D'utilisation page 217

Masquer les pouces Voir aussi pour MCS 470 Li 60 Serie:

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 153
Откако ќе ѝ помине рокот на
употреба, извадете ја батеријата
обрнувајќи внимание на животната
средина. Батеријата содржи материјал
што е опасен за вас и за средината.
Треба да се извади и расклопи во засебен
сад што може да содржи литиумски јони.
Засебното собирање на производите и
искористените пакувања овозможува
рециклирање на материјалите и
повторна употреба. повторната
употреба на рециклираните материјали
спречува штета на животната средина и ја
намалува потребата за примарни материјали.
3.
ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА МАШИНАТА
3.1
ОПИС НА МАШИНАТА И
ПРЕДВИДЕНА УПОТРЕБА
Оваа машина е тревокосачка со оператор на нозе.
Машината во основа се состои од мотор којшто
придвижува уредот со сечивото со запци
сместени во картер и има тркала и ракофат.
Операторот е во позиција да управува со
машината и да ги вклучува главните команди
држејќи се секогаш зад ракофатот и на безбедно
растојание од ротирачкиот уред со сечивото.
Оддалечувањето на операторот од
машината предизвикува запирање на и на
ротирачкиот уред по неколку секунди.
3.1.1
Предвидена употреба
Оваа машина е дизајнирана и произведена за косење
(и собирање) трева во градини и на тревни површини
со опсег наведен кај капацитетот за косење што се
спроведува во присуство на оператор којшто оди.
Општо, оваа машина може:
1.
Да ја коси тревата и да ја исфрла
странично (ако е предвидено).
2.
Да ја коси тревата, да ја дроби и распостила
врз теренот (ефект на „сечкање").
Употребата на одредена дополнителна опрема
којашто ја предвидел производителот како
оригинална опрема и делови што се набавуваат
засебно, дозволуваат да ја завршите оваа работа
на различни работни начини, претставени во
ова упатство и во упатството што се доставува
со дадената дополнителна опрема.
3.1.2
Несоодветна употреба
Која и да е друга употреба,поинаква од
горенаведените, може да претставува опасност и да
предизвика повреди и штети за лица и/или предмети.
Се отфрлаат при неправилна употреба (како
пример, но не се ограничува на следното):
– Транспорт на други лица, деца или животни
со машината, кои може да паднат и да
се здобијат со тешки повреди или да го
попречат безбедното управување.
– Транспорт на машината.
– Употреба на машината за влечење
или буткање товар.
– Вклучување на уредот со сечивото
врз терени на кои нема трева.
– Употреба на машината за
собирање лисја или гранки.
– Употреба на машината за порамнување огради
или за сечење вегетација што не е трева.
– Употреба на машината од страна на повеќе луѓе.
ВАЖНО Несоодветната употреба на машината
доведува до отфрлање на гаранцијата и ја
отфрла секоја одговорност на производителот,
префрлувајќи ги на корисникот произлезените
обврски предизвикани од повреди или
оштетувањата лично или на трети лица.
3.1.3
Вид на корисник
Оваа машина е наменета да ја користат корисници,
т.е. оператори коишто не се професионалци.
Наменета е за „домашна употреба".
ВАЖНО Машината може да се
користи само со оператор.
3.2
ОЗНАКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
На машината има симболи (сл.2). Нивната
задача е да го потсетуваат операторот на
постапките што треба да ги следи внимателно
и со задолжителни мерки за претпазливост.
Значење на симболите:
Внимание. Прочитајте го упатството
пред да ја користите машината.
Опасност! Ризик од исфрлени
предмети. Оддалечете ги луѓето
што е можно подалеку од местото на
работа кога ја користите машината.
Само за тревокосачка со мотор
со внатрешно согорување.
Опасност! Ризик од посекотини.
Уред со сечиво во движење. Никогаш
не ставајте ги рацете или нозете
во внатрешноста каде што е
сместен уредот со сечивото.
Внимавајте на уредот со сечивото за
косење. Никогаш не ставајте ги рацете
или нозете во внатрешноста каде што
е сместен уредот со сечивото. Уредот
со сечивото продолжува да се врти и
по исклучување на моторот. Извадете
го безбедносниот клуч (уредот за
дезактивирање) пред одржување.
MK - 4

Publicité

loading