2.7 ДРУГИ РИЗИЦИ
И покрај тоа што се
почитувани сите безбедносни
предупредувања, сепак може
да се појават одредени други
ризици кои не може да се
исклучат. Во однос на типот
на конструкција на машината,
можните предвидени
опасности може да бидат:
• Исфрлање делови коишто
може да ги оштетат очите,
• Повреди на ушите ако
не се носи никаква
акустична заштита.
3. ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА МАШИНАТА
3.1 ОПИС НА МАШИНАТА И
ПРЕДВИДЕНА УПОТРЕБА
Оваа машина претставува градинарска
опрема и конкретно преносен
раздувувач за градини на батерии.
Генерално, машината се состои од мотор
којшто работи на вртежи за да произведе
проток на воздух со голема моќност.
3.1.1 Предвидена употреба
Оваа машина е проектирана
и конструирана за:
• преместување и натрупување со
помош на раздувувачот, на листови,
трева, остатоци од косење со различна
тежина и средни големини.
3.1.2 Несоодветна употреба
Која и да е друга употреба,поинаква од
горенаведените, може да претставува
опасност и да предизвика повреди и штети
за лица и/или предмети. Се отфрлаат
при неправилна употреба (како пример,
но не се ограничува на следното):
• вшмукување или собирање на запаливи
производи или кои претставуваат ризик
од експлозија, врел јаглен или материјали
што горат без пламен, изгасени цигари,
стаклени парчиња, остри делови, метални
предмети, камења и сè друго што може да
претставува опасност за безбедноста на
управувачот со машината и на останатите,
• насочување на воздухот кон
лица и/или животни,
• вметнување предмети во
решетката за вшмукување,
• употреба на машината без правилно
поставена дополнителна опрема
како што налага производителот
за разните начини на употреба или
несоодветна употреба на машината,
• употреба на машината од
страна на повеќе луѓе.
ВАЖНО Несоодветната употреба
на машината доведува до отфрлање на
гаранцијата и ја отфрла секоја одговорност
на производителот, префрлувајќи
ги на корисникот произлезените
обврски предизвикани од повреди или
оштетувањата лично или на трети лица.
3.1.3 Вид на корисник
Оваа машина е наменета да ја користат
корисници, т.е. оператори коишто
не се професионалци. Наменета
е за "домашна употреба".
3.2 ОЗНАКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
На машината има симболи (сл. 2). Нивната
задача е да го потсетуваат операторот на
постапките што треба да ги следи внимателно
и со задолжителни мерки за претпазливост.
Значење на симболите:
ВНИМАНИЕ! ОПАСНОСТ! Оваа
машина може да биде опасна
за вас или за другите доколку
не се користи правилно.
ВНИМАНИЕ! Пред да ја
користите оваа машина,
прочитајте го упатството
за употреба.
Користете заштита за
ушите и очите.
Да не се изложува на
дожд (или на влага).
MK - 8