Télécharger Imprimer la page

Stiga BL 80 Li Manuel D'utilisation page 256

Masquer les pouces Voir aussi pour BL 80 Li:

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 175
4.1 ДЕЛОВИ ЗА МОНТИРАЊЕ
Пакувањето ги содржи деловите за монтажа.
4.1.1 Распакување
1. Отворете го пакувањето внимателно
за да не ги расфрлите деловите.
2. Прочитајте ја документацијата во кутијата
каде се наведени овие упатства.
3. Извадете ги од кутијата сите
делови што не се монтирани.
4. Извадете ја машината од кутијата.
5. Фрлете ги кутијата и амбалажата
согласно локалните одредби.
Пред да започнете со
монтирање, уверете се дека
батеријата не е на своето место.
4.1.2 Монтирање на цевката
на раздувувачот
1. Порамнете го отворот на цевката на
раздувувачот (сл. 3.A) со делот (сл. 3.B)
на отворот за излез на воздухот (сл. 3.C).
2. Притиснете ја цевката (сл. 3.A) и
свртете ја за 90° во правецот на
стрелките на часовникот следејќи го
правецот на стрелката ("заклучено")
за да се поврзе стабилно.
– За да ја извадите цевката,
свртете ја обратно од правецот на
стрелките следејќи го правецот
на стрелката (отклучено").
ВАЖНО Застанете ја машината
и и секогаш вадете ја батеријата
(пасус 7.2.2) секојпат кога ќе ја
извадите цевката од раздувувачот.
5. КОМАНДИ ЗА КОНТРОЛА
5.1 КОМАНДА ЗА ЗАБРЗУВАЊЕ
Команда за забрзувачот (сл.
1.F) има две функции:
1. палење/гасење на машината со
истовремено активирање/дезактивирање
на вртењето на роторот,
2. овозможува регулација на брзината
на вртењето на роторот.
За палење, притиснете ја командата
на забрзувачот и држете 2-3 секунди
да се запали машината.
Палењето на машината предизвикува
истовремено и вртење на роторот.
Машината застанува автоматски со
пуштање на командата на забрзувачот.
Брзината на вртење на роторот треба
да се прилагоди на видот на работата
(поглавје 6.4.1) и може да се регулира
со нанесување помалку или повеќе
притисок врз командата на забрзувачот.
Максималната брзина се постигнува со
командата за забрзување во долен правец.
6. УПОТРЕБА НА МАШИНАТА
ВАЖНО Безбедносните мерки што треба
да ги следите се дадени во погл. 2. Строго
придржувајте се до тие упатства за да
избегнете сериозни ризици или опасности.
6.1 ВОВЕДНИ ОПЕРАЦИИ
Пред да започнете со работа, неопходно е да
спроведете серија контроли и операции за
да обезбедите дека работата ќе се одвива на
ефикасен начин и со максимална безбедност.
6.1.1 Контрола на батеријата
Машината се доставува без батерија.
Набавете батерија со соодветен капацитет
за работните задачи и прво наполнете
ја докрај следејќи ги упатствата што се
содржат во упатството за батеријата.
Списокот со батерии коишто се соодветни
да се користат со оваа машина се наоѓа
во табелата "Технички податоци".
• Пред секоја употреба:
– проверете ја состојбата на полначот
за батеријата следејќи ги насоките
посочени во упатството за батеријата.
6.2 БЕЗБЕДНОСНИ КОНТРОЛИ
Спроведете ги следните безбедносни
контроли и проверете дали резултатите
соодветствуваат со даденото во табелата.
MK - 10

Publicité

loading