CYBEX gold ATON S2 I-SIZE Guide Utilisateur page 125

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 16
СЕРТИФИКАЦИЈА
ATON S2 i-Size
Опсег на големина:
45-87 см
Тежина: макс. 13 кг
Благодариме што одлучивте да го купите детското седиште Aton S2 i-Size
за вашиот автомобил.
Прочитајте го внимателно ова Упатство за корисник пред да го
инсталирате седиштето за автомобил во возилото и секогаш чувајте го
при рака во специјално наменетиот оддел (28).
ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ И ПРЕДУПРЕДУВАЊА
Без одобрение на органот за типска хомологација, седиштето за
автомобил не смее да се менува или да се додава на каков било
начин.
Со цел детето да биде соодветно заштитено, задолжително е да го
користите детското седиште како што е опишано во ова упатство за
употреба.
Ова седиште за автомобил може да се монтира само на седишта на
возило што се одобрени за користење со системи за врзување деца
во согласност со прирачникот на возилото.
Седиштето за автомобил може да се прицврсти само со Base One и
ISOFIX, или со автоматски каиш со 3 точки за фиксирање одобрен во
согласност со регулативата на ОН бр. 16 или истоветен стандард.
Ако седиштето за автомобил се монтира со автоматски каиш со 3
точки за фиксирање, закопчувалката на каишот на возилото никогаш
не смее да стигнува до водилката на скутниот каиш на седиштето за
автомобил. Ако фиксниот држач на каиш е премногу долг, седиштето
за автомобил е несоодветно за користење во оваа позиција во
возилото.
Монтирањето на ова седиште за автомобил на предното
патничко седиште со активирано предно воздушно перниче НЕ Е
ДОЗВОЛЕНО.
Не користете какви било носечки контактни точки освен оние опишани
во упатството и означени на детскиот систем за врзување.
Влошката за новороденче се употребува за заштита на детето и мора
да се употребува сè додека детето не достигне должина од 60 см.
Пред секое патување треба да проверите дали системот со
сигурносни каиши на седиштето за автомобил е правилно
приспособен и дали се прицврстува добро на телото на детето.
Каишите никогаш не смее да се превиткуваат!
Секогаш закопчувајте го детето кога се наоѓа во седиштето за
автомобил.
Само оптимално приспособениот наслон за глава може да му
понуди на детето максимална заштита и удобност, а истовремено да
гарантира дека системот со каиши се прицврстува правилно.
Седиштето за автомобил мора секогаш да биде монтирано и
прицврстено правилно во возилото, дури и кога не се употребува.
Ако седиштето се употребува со Base One, потпорната ногалка
мора секогаш да биде во директен контакт со подот на возилото.
Ако возилото има простор за складирање во просторот за нозе,
контактирајте со производителот на возилото.
За да овозможува најдобра можна заштита, седиштето за автомобил
секогаш треба да ја употребува линеарната странична заштита од
удари (L.S.P.).
Ако го користите седиштето за автомобил на средно седиште на
возилото, линеарната странична заштита од удари (L.S.P.) не смее
никогаш да биде во отворена позиција.
Седиштето за автомобил исто така беше тестирано и одобрено за
користење без линеарна странична заштита од удари (L.S.P.) во
отворена позиција.
Секогаш треба да бидете сигурни дека седиштето за автомобил не е
заглавено на некоја површина кога ја затворате вратата на возилото
или да кога го приспособувате задното седиште.
Багажот или кои било други предмети во возилото мора секогаш да
бидат добро прицврстени. Во спротивно, може да се разлетаат низ
возилото, што би можело да предизвика смртоносни повреди.
Седиштето за автомобил никогаш не смее да се употребува без
навлаката на седиште. Бидете сигурни дека се употребува само
оригинална навлака на седиште CYBEX, бидејќи навлаката е клучен
елемент што овозможува седиштето да функционира правилно.
Никогаш не оставајте го детето во возилото без надзор.
Не ставајте ги седиштата за автомобил на подигнати површини, како
маса.
MK
123

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières