Менување На Светилката За Осветлување; Поставување И Поврзување; Прилагодување На Ногарките - Beko RCNA366I40WN Notice D'utilisation

Table des Matières

Publicité

Фрлање на стариот ладилник
Ладилник
Фрлете го стариот ладилник без да
направите штета за животната средина.
Консултирајте се со овластениот
застапник или со центар за собирање
отпад во вашата општина за тоа како да
го фрлите ладилникот.
Пред да го фрлите ладилникот, исечете
го кабелот за напојување и, ако има брави
на вратата, искршете ги за да ги
заштитите децата од каква било опасност.
Поставување и поврзување
Ако влезната врата на просторијата
каде што треба да се смести ладилникот
не е доволно широка за да може тој да
помине, тогаш повикајте го овластениот
сервис да ги извади вратите на
ладилникот и тогаш, поминете го
ладилникот низ вратата странично.
1. Поставете го ладилникот на место кое
овозможува лесна употреба.
2. Поставете го ладилникот подалеку од
извори на топлина, влажни места или
директна сончева светлина.
3. Мора да има соодветна воздушна
вентилација околу ладилникот со цел да
се постигне ефикасна работа. Ако
ладилникот треба да се постави во
вдлабнатина во ѕидот, тогаш мора да има
најмалку 5 цм. растојание од таванот и
најмалку 5 цм од ѕидот. Не ставајте го
производот врз материјали како што се
простирка или килим.
4. Поставете го ладилникот на рамни
подови за да се спречи нишање.
Менување на светилката за
осветлување
Повикајте овластен сервисер за да
ја смените светилката/ЛЕД-сијаличката
што служи за осветлување на
ладилникот.
Сијалицата што се користи во овој
уред не служи за осветлување на соби
во домот. Намената на сијалицата е да
му помогне на корисникот да ја стави
храната во фрижидерот безбедно и
удобно.
Сијалиците што се користат во овој
производ треба да ги издржуваат
екстремните физички услови, како што
се температурите под -20° C.
Прилагодување на ногарките
Ако ладилникот не е балансиран
Може да го балансирате ладилникот
со вртење на предните ногарки како
што е прикажано на сликата. Аголот
каде што има ногарка, се спушта кога
вртите во правец на црната стрелка и
се подигнува кога вртите во
спротивната насока. Ако некој би ви
помогнал со делумно подигнување на
ладилникот, тоа ќе ви ја олесни
работата.
МК
9

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières