Информации за пакувањето
Материјалот за пакувањето на
производот е произведен од материјал
што може да се рециклира во согласност
со државните одредби за заштита на
животната средина. Не фрлајте го
материјалот за пакување заедно со
домашниот или друг отпад. Однесете го
во центри за собирање материјал за
пакување коишто ги посочуваат
општинските тела.
Не заборавајте...
Рециклирањето е неопходно за
природата и за нашите природни
богатства.
Ако сакате да придонесете при
проценката на материјалите за пакување,
консултирајте се со експерт за заштита на
животната средина или со експерт во
општината.
Предупредување за HCA
Ако системот за разладување на
производот содржи R600a:
Овој гас е запалив. Затоа, треба са се
обрне внимание да не се оштетуваат
системот за ладење и цевководите при
употреба и транспорт. Во случај на
оштетување, чувајте го производот
настрана од можни извори на оган што
може да предизвикаат негово палење и
вентилирајте ја просторијата каде што е
сместен.
Типот на гас што се користи во
производот е посочен на етикетата на
левиот ѕид во ладилникот.
Никогаш не фрлајте го производот во
оган.
Работи што треба да ги направите
да заштедите енергија
Штедење
Не држете ги вратите на ладилникот
отворени подолг период.
Не ставајте топли пијалаци или храна
во ладилникот.
Не преоптоварувајте го ладилникот со
што ќе се попречи циркулацијата на
воздухот во внатрешноста.
Не поставувајте го ладилникот под
директна сончева светлина или близу до
уреди што зрачат топлина како што се
печка, машина за миење садови или
радијатори. Ставете го производот
најмалку 30 см оддалечен од извори на
топлина и најмалку 5 см подалеку од
електричните рерни.
Внимавајте храната да ја чувате во
затворени садови.
За производи со оддел за замрзнување
- може да чувате максимална количина
храна во замрзнувачот ако ја извадите
полицата или фиоката од замрзнувачот.
Посочената вредност за потрошувачката
на струја за ладилникот е одредена со
извадени полици или фиоки и под
максимално оптоварување. Нема штета
ако се користи полица или фиока во
согласност со облиците или големината
на храната што треба да се замрзне.
Ако ја одмрзнувате замрзната храна во
одделот на ладилникот, ќе заштедите
струја и ќе го зачувате квалитетот на
храната.
Ако не ги почитувате насоките дадени
во ова упатство за корисникот,
производителот нема да се смета за
одговорен.
7
МК